Барај
Запознајте ја Џеси Буш, девојката со најубавите фустани на светот!
БЛОГ

Запознајте ја Џеси Буш, девојката со најубавите фустани на светот!

 

Ако сте од оние дами кои обожуваат фустани, а ви треба инспирација веќе за следниот шопинг, за оваа девојка ќе кажат дека ги има најубавите фустани на светот, па веруваме дека и вие ќе го најдете својот фаворит.

 

Џеси Буш е дефинитивно една од најпознатите инфлуенсерки на денешницата за која медиумите многупати пишуваа дека може да го продаде било кое парче седејќи во комфорот на својот дом, а се чини дека тоа е дефинитивно така.

Во моментов, таа е бремена со првото дете и сите фустани што ги поседува, како и оние кои се дел од нејзините соработки со познати брендови, совршено ги пренаменува за трудничките денови.

 

Тоа е така, бидејќи речиси секој модел на фустан во кој што ќе ја видите, е волуменозен и одлично прилега на секоја форма на тело, па дури и во оној период кога сте во поодмината бременост.  Од 2017 – тата па наваму, оваа ултра шик девојка соработува со еден од најпознатите лондонски брендови KITRI кој важи за еден од омилените на девојките ширум светот, благодарение на моделите кои се неодоливо шик, но и пристапните цени. Токму за парчињата што оваа девојка ги креира за брендот постојано има листи за чекање, а за фамозниот зелен кариран фустан листата беше подолга од 800 имиња.

 

 

 

Она што таа постојано го истакнува како најважно при изборот на облека, но и при создавање на бројните колекции за познатите брендови е дека секогаш на ум треба да имаме колку удобноста е важна за вистинско уживање во текот на денот.

Ако добро го разгледате нејзиниот профил, ќе забележите дека токму удобноста е рефлексија на нејзиниот стил, па така речиси никогаш не носи ултра тесни парчиња во кои не може да функционира.

Всушност, целиот нејзин Инстаграм профил е совршена инспирација за секојдневни комбинации, па доколку сè уште не сте го погледнале, овој дождлив понеделник е совршен за тоа.

 

 

 

19.07.2021.

Остави коментар

Trenutno nema komentara

Слични статии

27.
Jul.
2021.
БЛОГ
Покрај облеката што е наменета специјално за нив, благодарение на трендовите изминатиот период, бремените дами можат да најдат нешто за себе и во регуларните...
23.
Jul.
2021.
БЛОГ
И официјално, на 30 – ти јули можеме да ја прогласиме фестивалската сезона за отворена и со големо задоволство да ви го најавиме концертот на единствен...
21.
Jul.
2021.
БЛОГ
Сакајќи овие разговори да ги изнесеме и надвор од канцеларија, решивме да направиме заедничка дружба на која нашите најмили би се запознале и тоа би било неш...
15.
Jul.
2021.
БЛОГ
Одберете ги вашите фаворити и уште денеска, посетете ја продавницата на Superdry во Скопје Сити Мол или погледнете ги сите производи кои се дел од намалување...
14.
Jul.
2021.
БЛОГ
Додека сè уште трае намалувањето, сега е време да ги одберете најубавите модели во кои ќе го поминете остатокот од летото и целосно ќе им се препуштит...
12.
Jul.
2021.
БЛОГ
Сосема очекувано и повеќе од потребно, за црвениот килим дамите одбраа некои од најубавите креации што можете да си ги замислите, а совршен беше моментот што...
07.
Jul.
2021.
БЛОГ
Речиси 18 месеци од последната недела на Висока мода во Париз, возбудата во овој град од 5-ти до 8-ми јули е на највисоко можно ниво како резултат на првите ...
06.
Jul.
2021.
БЛОГ
Ако оваа сезона ги барате совршените маички на куси ракави, но и сакате навреме да се подготвите за следната сезона и да ги набавите најстилските дуксери и ј...
05.
Jul.
2021.
БЛОГ
Прекрасната инфлуенсерка и долгогодишен модел со навистина интересна животна приказна, е една од најголемите обожавателки на брендот Mango, па речиси секојдн...
02.
Jul.
2021.
БЛОГ
Петокот речиси и да не може да биде поубав! Од денеска, па сè до недела, онлајн и во продавниците на Fashion Group започнува неодолива промоција во чи...