Барај
%
×
Effortless style with Hugo
Сите трендови кај модните додатоци во новата колекција на Parfois
БЛОГ

Сите трендови кај модните додатоци во новата колекција на Parfois

 

 

Веројатно знаете дека ниту една летна комбинација не може да помине без соодветните модни додатоци, а кога говориме за истите, постои еден бренд што ги има најубавите - Parfois!

 

Деновиве владее вистинска летна атмосфера во градот, па не постои посоодветен момент за претставување на новата колекција на брендот во која дизајнерите ги вклучија најлетните парчиња облека и модни додатоци.

 

Повеќе од сигурно е дека најголемиот тренд оваа топла сезона се сламените чанти и додатоци, па токму тие се на пиедестал во новата колекција, дополнително украсени со детали во јаки бои, токму онака како што му доликува на летото.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Она на што знаеме дека нема да може да му одолеете се и кошулите и фустаните во совршен летен принт, со мотиви какви што сите сакаме да носиме во топлите денови.

 

Кошулите, без размислување ги комбинираме со тексас бермуди со висок струк, џинс со искинати детали или пак некое широко здолниште со шик принт за mix&match.

 

Речиси сите чанти од новата колекција на Parfois се ултра практични и повеќенаменски, па така, не двоумете се и комбинирајте ја за на работа, за на плажа или пак за лежерните прошетки.

 

Секако, во согласност со трендовите, брендот и овојпат понуди супер интересни мини чантички за вечерните излегувања, сосема соодветни и за свечените прилики што се пред нас.

 

Подеднакво привлечни и ултра освојувачи се и сите парчиња од колекцијата накит во која брендот вметна впечатливи обетки во разни форми и нијанси, но и колоритни со мониста кои се како создадени за безгрижните денови на плажа.

 

 

 

 

 

Високите температури знаат да бидат навистина предизвикувачки, па затоа без мислење одберете и некој од фустаните со потпис на Parfois, но и од марамите со најубавите летни мотиви како совршен сојузник на вашиот костим за капење.

Целата колекција на брендот ја гледате на следниов линк, но и во продавниците на Parfois!

23.06.2021.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...