Барај
Ја завршуваме учебната година со стил!
БЛОГ

Ја завршуваме учебната година со стил!

04.06.2021.

 

 

Иaко веројатно нема да биде сосема онака како што го замисливте, крајот на школската година е дефинитивно нешто на што треба да му се радувате, без оглед на ситуацијата.

Веројатно сега помисливте дека нема простор за радост со оглед на тоа што прославите ќе бидат во мал број, а некои воопшто и нема да се одржат, вие самите треба да го направите моментот за паметење.

Сосема внимателно и со новите донесени мерки, минималното одбележување на ова поглавје од вашиот живот веројатно би било од големо значење за вас, а и сосема возможно да се оствари.

Денис: Кошула: Replay, Бермуди: Scotch&Soda Андријана: Елек, Бермуди: Mango, Патики: Geox, Денис: Палто, маичка, панталони: Bitsiani

Доколку можеби вашето училиште сепак ќе го одбележи завршувањето на оваа значајна етапа од животот, без разлика дали се работи за полуматура или матура, тоа дефинитивно треба да го направите во стил.

Знаеме дека прво на ум ви дојде некое шик фустанче дополнето со сандали и кул накит, а на момците впечатлива кошула и шик фармерки, па токму такви парчиња издвоивме за да ви ја олесниме потрагата на крајот на учебната година.

Сите парчиња што ги гледате во продолжение се достапни на нашата онлајн страна, но и во продавниците на брендовите, па мал шопинг овој викенд би бил совршено уживање и момент за дружба со вашите родители.

Во предлог парчињата сместивме исклучително различни модели за сите момци и девојки со уникатен и впечатлив стил што допрва треба да излезе на површина, но доволно шик за стилски да го означите крајот на учебната година.

Секогаш сигурна варијанта се лежерните фустанчиња, а таквите се огромен хит оваа сезона, уште повеќе што доаѓаат во разни бои и должини, па секоја млада дама може да си го одбере својот фаворит.

Младите момчиња пак, може да одберат од исклучителната палета на стилски кошули или пак поло маички за лежерно – класичен изглед, а секако, на следниов линк ќе ги најдете и сите маички со принт или сосема едноставни за безброј комбинации во летото што доаѓа.

За оние пак кои сакаат крајот на учебната година да го прослават во исклучително елегантна комбинација и да ги воодушеват сите на одбележувањето на истата, секогаш можат да одберат палто што ќе го комбинираат со фармерки или панталони во светла нијанса за целосно младешки изглед, а на дел од производите има и одлично актуелно намалување

Без разлика што и да одберете, најважно од сè е да бидете задоволни со вашиот изглед и паметно да размислите каде ќе го продолжите вашето образование, бидејќи пред вас се веројатно најубавите години од животот во кои ќе создадете спомени за паметење!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                       

Остави коментар

Trenutno nema komentara

Слични статии

16.
Jun.
2021.
БЛОГ
Новата летна колекција на брендот е сè што можете да посакате за долго и топло лето, надополнето со шик модели за сечиј вкус.
15.
Jun.
2021.
БЛОГ
Производите на брендот Havaianas од денеска ќе можете да ги најдете онлајн и во продавницата на Fashion&Friends сосема навреме за да ги направите сите ко...
14.
Jun.
2021.
БЛОГ
Ако сте од оние кои уживаат прегледувајќи ги профилите на познатите блогерки, тогаш веројатно досега сте ја запознале прекрасната Памела Смољаниќ или попозна...
11.
Jun.
2021.
БЛОГ
Ние имавме чест да разговараме со една од нив, со прекрасната Тамара Чуприна која на уникатен начин ни ги раскажа доживувањата во улога на девојка на еден од...
09.
Jun.
2021.
БЛОГ
Познат по исклучителните кроеви на фармерки и ултра урбаните дуксери, дизајнерите на брендот и овојпат претставија впечатливи парчиња во кои дефинитивно ќе с...
08.
Jun.
2021.
БЛОГ
Ако пред некое време ви ги претставивме сите стилски сандали со кои можете да направите безброј комбинации ова лето, денеска сакаме да ве запознаеме со новит...
02.
Jun.
2021.
БЛОГ
Сосема медитерански во духот, брендот повторно понуди навистина единствени креации кога е топлата сезона во прашање, преточени во куси впечатливи фустанчиња,...
01.
Jun.
2021.
БЛОГ
Со цел да ви ја олесниме потрагата по најубавите парчиња со кои ќе ги обоите деновите, направивме шик колекција едноставно наречена „Hello June“ ...
31.
May.
2021.
БЛОГ
Со оглед на тоа што ситуацијата се чини полека се враќа во нормала, а веројатно веќе знаете дека многу наскоро повторно ќе уживаме во семејните веселби, иако...
28.
May.
2021.
БЛОГ
Денес ве поттикнуваме да за кратко ги подзаборавите “здодевните” парчиња и да се препуштите на храбрите комбинации во кој без соменение ќе остави...