Барај
%
×
Live in LEVIS
Најпосакуваните додатоци за оваа пролет се со потпис на Parfois
БЛОГ

Најпосакуваните додатоци за оваа пролет се со потпис на Parfois

 

 

Се чини дека конечно се збогувавме со студеното време и сите оние парчиња што нè топлеа во изминатите месеци, па сега е совршено време да ги извадиме од плакарот сите оние комбинации кои едвај чекавме да ги облечеме.

Веројатно знаете дека ниту еден стајлинг не е комплетен без модни додатоци, а понекогаш, тие и ја завршуваат целата работа.

Во топлите денови, сакаме да носиме накит кој со себе носи поинаква, целосно шармантна приказна и кој дефинитивно „зборува гласно“, како што и треба да биде.

Оваа сезона, најстилските модни додатоци за разубавување на секоја комбинација се со потпис на Parfois од каде доаѓаат и најубавите кампањи кои повикуваат на долго и топло лето во друштво на нивните парчиња.

Без разлика дали сте вљубеничка во накит, чанти или пак некое уникатно парче облека, брендот има сè што ни треба за топлата сезона што е пред нас, а на која толку многу и се радуваме.

Како што ќе кажат оттаму, ова лето, целата убавина е во мечтаењето за одмор на дестинациите за кои толку сонувавме, а можеби е време сето ова да заврши и сите планови конечно да се остварат.

Ако вие веќе ги имате направено вашите, единствено што ви треба е добар костим за капење и безброј парчиња накит за совршено бегство од реалноста.

Секако, брендот повторно создаде исклучително добри парчиња за разубавување на секојдневните комбинации, па така, оваа сезона постои само едно место каде ќе ја најдете чантата од вашите соништа, ланчето и обетките со кои ќе ги надополните сите стајлинзи, како и ултра кул шапките за шик заштита од сончевите зраци.

Со оглед на тоа во каква реалност го поминавме изминатиот период, сега е вистинско време да ги „разбудиме“ сите наши тренди стајлинзи и да се збогуваме со здодевните парчиња. Оваа топла сезона, одбираме многу колорит, но секако и не ги забораваме вистинските класици кога е во прашање накитот.

Пролетва, го носиме она што ни се допаѓа од прва и воопшто не се двоумиме. Експериментирајте и купете ја чантата во боја која толку многу ви се допадна, но и оние обетки со пердув за кои се запрашавте каде ќе ги носите. Сега, веќе сè е дозволено, а најуникатните модни додатоци сезонава се во продавниците на Parfois и онлајн на Fashion Group.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                   

 

28.04.2021.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...