Барај
%
×
Forever denim with replay
Пристигна пролетната и урбана колекција на Replay
БЛОГ

Пристигна пролетната и урбана колекција на Replay

 

 

Во продавницата на Replay и онлајн на fashiongroup.com.mk пристигна новата ултра шик и урбана колекција на брендот чии парчиња се обожувани ширум светот.

Со првите пролетни температури, не двоумете се да уживате во маичките на куси ракави на брендот, но и во сите останати парчиња како едни од најпосакуваните оваа сезона.

Врвниот дизајн и впечатливите модели по кои Replay е препознатлив години наназад, и овојпат доминираат во целата колекција, па така младите фанови на брендот нема да имаат проблем да ги одберат нивните фаворити.

Во стрит стајл приказната на брендот и овојпат одлично се вклопија новите модели на фармерки како ултимативен хит кога говориме за Replay и нешто што секогаш е препознатливо.

Пролетва, момците ги комбинираат со одличните модели на урбани дуксери од брендот, но и со маички на куси ракави со натпис или јака за бројните пригоди пред нас.

За дамите пак, дизајнерите на брендот направија дуксери и маички од неодоливо удобен материјал, но и шик модели на фустани со кои како и секогаш, нема да останете незабележана.

Како совршен финиш на вашата стилска комбинација, брендот и оваа сезона предлага колоритна чанта во интересна форма, па така, која и да ја одберете, нема да погрешите.

Токму кај модните додатоци и овојпат е присутен еклектичниот спој на бои кој секогаш изгледа толку шик, па ако оваа сезона сакате нешто повеќе, не двоумете се и одберете некој од моделите.

Она што не смееме да го заборавиме е дека брендот оваа сезона соработува со рагби тимот на Нов Зеланд, па дизајнерите на Replay за згодните момци создадоа капсулна колекција составена од исклучително шик и квалитетни фармерки, тексас кошули и јакни во темни нијанси совршени за студените пролетни вечери.

Токму овој преоден период од годината е како создаден за правење нови комбинации во кои секогаш можете да внесете доза експеримент, играјќи си со боите, моделите и воопшто, со вашиот стил.

Сите парчиња од новата колекција ги имате на следниов линк, како и во продавницата на Replay во Скопје Сити Мол.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

31.03.2021.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...