Барај
%
×
Guess - La dolce Vita
Топ пет инфлуенсери на Инстаграм кои се неисцрпна инспирација
БЛОГ

Топ пет инфлуенсери на Инстаграм кои се неисцрпна инспирација

 

 

Во време кога голем дел од секојдневието поминуваме на Инстаграм, мала е можноста да не сте ги погледнале профилите на некои од најпознатите модни инфлуенсери од кои девојките секојдневно црпат стилска инспирација.

На нивните профили ќе ја најдете сета инспирација што ви е потребна во креирањето на стилски и секогаш уникатни комбинации, па доколку некогаш ви недостасува „она нешто“, профилите во продолжение се вистинското место за посета.

Овие пет девојки се прогласени за највлијателни во првите три месеци од оваа година, земајќи ги во предвид бројот на следбеници, нивната популарност и распространетост на социјалните мрежи, како и ефектите од нивните објави и големината на публиката допрена од истите.

Секогаш фокусирани на комбинација од трендовите и она што е вистински нивен вкус, Кјара Ферањи, Негин Мирсалехи, Оливија Палермо, Ејми Сонг и Камила Коељо, се петте дами кои добија најголемо внимание изминатата, но и во првите месеци од оваа година.

Кјара Ферањи – 22.8 милиони следбеници

Веројатно не постои дама на светот која не ја знае Кјара Ферањи, една од омилените девојки на социјалните мрежи, но првенствено, успешна блогерка и претприемачка.

Последните години, таа целосно се посвети на развивање на нејзиниот бренд „Кјара Ферањи“ кој денеска важи за еден од најпопуларните во Италија и светот.

Во исчекување на нејзиното второ дете, таа изгледа поубаво од кога и да е, а денеска издвоивме три шик комбинации кои ја носат пролетта во вашиот плакар.

Камила Коељо – 8.8 милиони следбеници

Почнувајќи како мејк – ап артист за Диор, прекрасната 33 годишна блогерка со потекло од Бразил, Камила Коељо денеска е една од најуспешните бизнис дами во светот, со целосна козметичка линија зад себе и колекција чии парчиња се распродаваат за неколку минути по лансирањето.

Оваа девојка е уште еден доказ дека ако силно ги следите своите желби, ќе ја достигнете и саканата дестинација и професијата која сте ја посакувале цел живот.

Оливија Палермо – 6.4 милиони следбеници

Оливија Палермо е дефинитивно една од најстилските дами што било кога се појавиле во модниот свет, а секоја сезона ги носи најубавите парчиња кои за кратко време стануваат апсолутен хит.

Во последно време, таа работеше на нејзината нова колекција во која смести исклучителни парчиња изработени од најубавите материјали, дополнително истакнати со тантела, многу кожа, кариран принт, ретро кошули, широки панталони со висок струк, впечатливи палта и фустани и што уште не.

Со оглед на тоа што во нејзината кариера има соработувано со веројатно сите познати модни брендови, повеќе од очекувано беше да знае точно што сакаат жените и истото да им го понуди преку парчињата од нејзината нова колекција.

Негин Мирсалехи – 6.3 милиони следбеници

Шармантната блогерка и сопственичка на козметичката компанија „Gisou“ долги години е една од најпопуларните инфлуенсерки во модниот свет, со безброј соработки со познати брендови зад неа и комбинации какви што само таа знае да направи.

Триесет и двегодишната Негин пред неколку години беше прогласена за една од најуспешните млади претприемачки под 30 години од магазинот Forbes, благодарение на нејзината козметичка компанија чии производи девојките ги обожуваат.

Ејми Сонг – 5.6 милиони следбеници

Како една од најпознатите блогерки во светот, Ејми Сонг изминатите години на ултра шик начин го надогради нејзиниот стил и стана една од најпознатите колумнистки за мода на Њујорк Тајмс.

Прекрасна и ултра шармантна, оваа млада девојка која зад себе има професија како дизајнер за внатрешно уредување, по многу работи е омилена на младата генерација, а стилските комбинации дефинитивно се најдоа на врвот.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

18.03.2021.

Слични статии

19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...
27.
Dec.
2023.
БЛОГ
Долгоочекуваниот сезонски попуст во Fashion Group започна! Искористи ја можноста за попусти до -50% и заврши ја годинава со шопинг каков што одамна не си има...