Барај
%
×
Effortless style with Hugo
Единствената Валентајн колекција со која мора да се запознаете овој февруари!
БЛОГ

Единствената Валентајн колекција со која мора да се запознаете овој февруари!

 

 

Иако во сосема поинакво издание од оние на кои досега сме навикнати, овој викенд се случува најголемиот празник на вљубените кој не можете, а да не го сакате.

Овој викенд ја славиме љубовта од сите аспекти – не само љубовта кон партнерот, туку и кон вашите најмили, семејството, пријателите и најважно, кон самите вас.

Ако веќе испланиравте купување на класичен подарок, ние сме тука да ве предомислиме и сосема навреме, да ве запознаеме со најслатката колекција за Денот на вљубените што сте ја виделе досега.

Истата, ја „наполнивме“ со стилски парчиња со „љубовни“ елементи, па така, не двоумете се и уште веднаш, нарачајте ја омилената црвена чанта за себе, долната облека по која мечтаевте, маичката на куси ракави за омилениот човек во вашиот живот, накитот за вашата сакана пријателка или ќерка и што уште не.

Сите производи од колекцијата ќе ги најдете и во продавниците на нашите брендови, а она на што знаеме дека дополнително ќе се израдувате е фактот што дел од парчињата сè уште се на неодоливо намалување.

Покрај подарокот, кој секогаш може да биде симболичен, она на што задолжително мора да му посветите внимание е атмосферата во која ќе го поминете празникот, па погрижете се таа да биде за паметење.

Во зависност од тоа со кој ќе го прославите празникот, овој викенд дајте го најдоброто од себе кога е готвењето и уредувањето на домот во прашање. Дозволете си вистинско уживање во домашни услови и не двоумете се дали црвените балони ќе бидат премногу – ништо во име на љубовта не е многу.

Она што секако можете да го направите доколку вие и партнерот или пријателите сте авантуристи, е да ги однесете на незаборавна прошетка на вашето омилено мирно место, да направите стилски пикник и да создадете моменти за паметење.

Секогаш, брендовите на Fashion Group се тука со вас без разлика на поводот, па така и овојпат ве подготвуваме за еден од најубавите празници во годината со дополнителни намалувања и изненадувања на нашиот Инстаграм профил!

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                       

09.02.2021.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...