Барај
%
×
Effortless style with Hugo
Оваа среќна среда е резервирана за garage sale шопинг во Fashion Group!
БЛОГ

Оваа среќна среда е резервирана за garage sale шопинг во Fashion Group!

 

 

Веројатно и нема поубава комбинација од среда и шопинг по супер цени во вашите омилени брендови полни парчиња што ги обожувате!

Токму од денеска почнува вашата омилена промоција во дел од нашите брендови за која не треба многу да ви раскажуваме – Garage Sale!

Во рамки на истата, специјално за вас додадовме дополнително намалување и тоа, -20% на веќе намалените цени во Timberland и Springfield, како и дополнителни -10% на веќе намалените цени во Women’Secret и Parfois, чиј попуст се пресметува во кошничка.

Побрзајте додека вашите омилени производи сè уште ги има на залиха и направете онлајн нарачка или пак посетете ги нашите продавници во Рамстор и Скопје Сити Мол.

Не двоумете се и инвестирајте во јакната од Timberland на која толку пати и се враќавте, но и на безвременските обувки со потпис на брендот совршени за секое годишно време.

Подеднакво привлечни се и парчињата од Springfield каде во рамки на оваа промоција ве очекуваат исклучително стилски кошули кои се како создадени за пролетта што доаѓа, фустани од кои нема да посакате да излезете, но и јакни во кои можете да уживате до крај на зимата.

 

За сите оние кои секогаш и се препуштаат на лежерната облека и деновите сакаат да ги поминат во пижами, постои еден бренд чии производи секогаш нудат едно посебно чувство – Women’Secret.

Без двоумење нарачајте си од бројните модели пижами изработени од неодолив материјал создаден за безгрижно спиење, но одберете и од понудата на исклучителната долна облека во која секогаш вреди да се инвестира.

Речиси и да не постои добра комбинација без истата да ја „зачиниме“ со внимателно одбрани модни додатоци, па така, не пропуштајте го ниту ова намаление за да ја збогатите кутијата со накит со нови и ултра шик обетки и ланчиња.

Секако, кога говориме за впечатливите комбинации, постои едно парче од кое се чини никогаш нема да се откажеме, а тоа се стилски чанти, а сезонава омилените се со потпис на Parfois.

Оваа среда не можеше да биде поубава за шопинг на намалување, па сега е вистинско време да ги разгледате сите понуди што ги подготвивме само за вас!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                   

03.02.2021.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...