Барај
%
×
Live in LEVIS
Sweater weather: Плетените парчиња со кои мора да се запознаете!
БЛОГ

Sweater weather: Плетените парчиња со кои мора да се запознаете!

 

 

Овој петок не можеше да биде посоодветен за промоција на нашата плетена колекција која се чини ја направивме сосема навреме за студеното време и снегот во кои уживаме од вчера.

Почнувајќи од елегантни модели соодветни за на работа, па сè до поедноставни парчиња за уживање во удобноста на вашиот дом или кафето со пријателките, колекцијата едноставно наречена „Knitwear“ има сè што ви треба за оваа зима.

Сите парчиња од колекцијата се карактеризираат со ноншалантен шарм, лежерна елеганција и впечатливи детали и плетки какви што само може да посакате.

Она што е прекрасно кај овие парчиња е тоа што истите можете да ги комбинирате со веќе постоечките во вашиот плакар, па така, без двоумење стилскиот плетен елек надополнете го со бела кошула одоздола и панталони со висок струк.

За момците во текот на зимските денови нема ништо подобро од стилска ролка во која секогаш изгледаат тоолку средено, комбинирана со некои зимски панталони или фармерки со супер крој.

На социјалните мрежи веќе можеме да ги видиме модните фаворити на момците и девојките кога станува збор за плетените парчиња, па денеска направивме стилска селекција за инспирација плус.

Џемперите дефинитивно играат клучна улога во зимската гардероба, па така доколку сè уште не ги одбравте вашите фаворити, нашата колекција е совршен момент за тоа.

Одберете го вашето омилено парче од нашата колекција полна различни бои, текстури и модели создадени за да уживате во студот.

Покрај ефектните модели џемпери, во колекцијата ќе најдете и прекрасни модни додатоци како капи и шалови, па побрзајте и одберете ги вашите омилени.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

15.01.2021.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...