Барај
%
×
Guess - La dolce Vita
Момци, ако ви треба инспирација, Мариано ди Вајо е човекот за тоа!
БЛОГ

Момци, ако ви треба инспирација, Мариано ди Вајо е човекот за тоа!

 

 

Овој прекрасен четврток целосно ќе му го посветиме на еден од најпознатите машки модели во светот со блескава кариера зад себе, но и со многу стилски приказни што допрва ќе ги раскажува.

Италијанецот Мариано ди Вајо е дефинитивно еден од најстилските момци во светот, со повеќе од шест милиони следбеници на Инстаграм и со прекрасно семејство во чии модни приказни секојдневно уживаме.

Ако воопшто постои совршен машки стил, тогаш, овој Италијанец со сигурност го поседува. Иако знаеме дека и вие секогаш ги одбирате најстилските парчиња од нашите брендови, денеска ви нудиме неколку предлози инспирирани од беспрекорните стајлинзи на овој неодолив модел.

Со самото тоа што неколкупати бил модел за Долче и Габана, веројатно и не треба да бараме нешто повеќе од тоа да посведочи за неговата кариера и репутација во модниот свет.

Она поради што многумина го обожуваат е неговата исклучителна професионалност, но и целосната посветеност на семејството, за што ќе каже дека му е единствената важна работа во животот, настрана професионалните ангажмани и социјалните мрежи, каде да признаеме, тој е еден од омилените.

Во однос на стилот, во едно интервју за познатиот машки магазин GQ Мариано ќе каже:

„Правете го она што го сакате, носете го она што прави да се чувствувате одлично и уживајте во текот на процесот“.

Се чини тоа е и неговата формула за успех кога е стилот во прашање, со оглед на тоа што сите парчиња што ги одбира, му прилегаат и повеќе од одлично, но најважно, во истите секогаш изгледа како навистина да се чувствува добро.

Очекувано, Мариано големо внимание посветува и на негата на кожата и косата, нешто за што ќе каже дека повеќе не е само работа на дамите и навистина е среќен поради тоа. Повеќе од драго му е што во мода се враќаат оние старите и вистински џентлмени, секогаш средени и во елегантни комбинации, но пред сè, убави одвнатре.

Денешниот блог му го посветуваме на овој шармантен Италијанец кој секогаш им се враќа на елегантните комбинации и дефинитивно треба да биде пример за секој маж кој сака да изгледа впечатливо.

Парчињата од комбинациите ги ставате во кошничка со само еден клик, а новите парчиња од колекциите на нашите брендови, момците ги гледаат на следниов линк.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                   

14.01.2021.

Слични статии

19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...
27.
Dec.
2023.
БЛОГ
Долгоочекуваниот сезонски попуст во Fashion Group започна! Искористи ја можноста за попусти до -50% и заврши ја годинава со шопинг каков што одамна не си има...