Барај
%
×
Effortless style with Hugo
Со стил на работа за време на празниците!
БЛОГ

Со стил на работа за време на празниците!

 

Со оглед на тоа што поради мерките за заштита оваа година сите прослави се презакажани за следната, ништо не не спречува да изгледаме шик последните денови од месец декември.

Ако за забавата што се откажа планиравте да го носите омилениот црн костим или фустанот што толку долго ви стои во плакарот, овие денови се совршен момент за тоа.

Само за вас, креиравме специјална „Празнична колекција: Стилски на работа“, во која сместивме парчиња во кои знаеме дека ќе блеснете на работното место во пресрет на празниците.

Без двоумење, женствениот костим комбинирајте го со ролка или едноставна бела кошула одоздола и бидете дамата што ќе се издвојува од останатите.

Ако некогаш си помисливте дека долг лежерен фустан е премногу за на работа, истиот надополнете го со омиленото палто и накит и уживајте во празничните денови пред вас.

Никогаш не е погрешно време за стилска комбинација, а токму истата во овие денови ќе ви донесе позитивна енергија и самодоверба како никогаш досега.

 

Овие празници, заборавете на сите секојдневни комбинации во кои уживавте на работа и обидете се да експериментирате со стилот и парчињата, за уште повеќе радост во празничните денови.

Ако момците во текот на годината се чувствуваа супер удобно во омилените дуксери од нашите брендови, сега е вистинскиот момент за да покажете дека изгледате одлично и во кошула и шик панталони.

Доколку сте од оние кои најубаво се чувствуваат во чифт стилски фармерки, истите дополнително истакнете ги со некое впечатливо палто и кожени чизми во кои вреди да се инвестира во текот на зимската сезона.

Погледнете ја нашата празнична колекција, овојпат, со акцент на стилските комбинации за на работа и уживајте во деновите што следат!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                   

21.12.2020.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...