Барај
%
×
Guess - La dolce Vita
Фунда Кристоферсен: Модна икона со идеални комбинации за секој ден!
БЛОГ

Фунда Кристоферсен: Модна икона со идеални комбинации за секој ден!

 

 

Кога говориме за прекрасни блогерки кои се секојдневна инспирација на девојките ширум светот, никако не смееме да заборавиме да ја споменеме шармантната Фунда Кристоферсен која се чини ги прави најефектните стајлинзи совршени за секоја една пригода.

Базирана во Копенхаген, Фунда подолг период се фокусира на нејзината онлајн платформа едноставно наречена ByFunda преку која можете да ги пронајдете најубавите винтиџ парчиња мебел кои дополнително ќе го украсат вашиот дом.

Веднаш штом ќе го погледнете нејзиниот профил на Инстаграм, ќе забележите дека таа е вљубена во минималистичките и едноставни комбинации, но секогаш направени со исклучително ефектни парчиња кои се сосема доволни за шик изглед.

Оваа есен, дел од нејзините секојдневни стајлинзи се фармерките или свилените здолништа комбинирани со „гломазни“ чизми, топол џемпер и впечатлив капут или мантил како совршен завршеток на еден ултра стилски изглед.

Како што и самата ќе каже, меѓу омилените парчиња кои секогаш ги става на прво место се „mom“ џинсот, фармерките Levi’s 501, ролките и накитот во неодолива златна нијанса.

Она што плени кај оваа прекрасна данска блогерка е леснотијата со која ги прави сите комбинации, а кои сепак, секогаш изгледаат толку добро.

Веројатно она што и помага во истото е тоа што низ годините толку добро го има проучено својот стил и ги има пронајдено парчињата што и прилегаат, па затоа секогаш изгледа совршено средено и толку шик.

Нејзиниот профил на Инстаграм е вистинската инспирација што ви треба овие денови, а ние успеавме да ви доближиме барем неколку комбинации со производи за кои сметаме дека уште денес треба да се најдат во вашата кошничка.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                             

18.11.2020.

Слични статии

19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...
27.
Dec.
2023.
БЛОГ
Долгоочекуваниот сезонски попуст во Fashion Group започна! Искористи ја можноста за попусти до -50% и заврши ја годинава со шопинг каков што одамна не си има...