Барај
%
×
Effortless style with Hugo
Малку поинаква празнична сезона, но секогаш одлични цени!
БЛОГ

Малку поинаква празнична сезона, но секогаш одлични цени!

 

Иако досега многупати говоревме на темата зимски класици и целосно им се посветивме на новите колекции на нашите брендови, постои нешто толку топло во летните парчиња кои викендов се на одлична промоција!

Се чини дека оваа година празничната сезона ќе биде сосема поразлична од било која што ја паметиме, но тоа не значи дека не треба да го прославиме доаѓањето на новата година за која сите знаат дека ќе донесе толку многу позитивни промени.

Бидејќи секогаш сакаме да ве изненадуваме, овој викенд само за вас подготвивме одлична промоција во која ќе најдете парчиња од летната сезона и намалување до дури -50% на селектирани артикли.

Токму овие парчиња се едни од оние во кои најмногу се исплати да инвестирате во текот на зимските месеци, бидејќи цените никогаш нема да им бидат подобри.

Ние ги одбравме нашите фаворити од промоцијата и истите ви ги презентираме како совршен избор за некој од празниците, дополнети со стилски зимски парчиња и секако, модни додатоци.

Доаѓањето на новата година и сите прослави што таа ги носи со себе, овојпат ќе бидат ставени на пауза, но тоа значи прослава со членовите на семејството за која и тоа како мора да бидете подготвени.

Ако сте од оние кои никогаш не се откажуваат од елегантните парчиња, тогаш фустаните и блузите со светкави детали се вашиот избор број еден, но подеднакво привлечни за инвестиција се и лежерните парчиња за сите оние кои сакаат да уживаат гледајќи празнични филмови.

Доколку момците заборавија колку добро им стојат костими, сега е вистинскиот момент да се потсетат на тоа и да го одберат нивниот совршен крој за празниците и сите убави моменти кои со себе ги носи новата година.

Овој 31 – ви декември, уживајте во малите нешта и друштвото на семејството, а ние ќе се погрижиме за тоа да изгледате стилски како и секогаш.

Целата викенд понуда на следниов линк...

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

14.11.2020.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...