Барај
%
×
Effortless style with Hugo
Роси Хантингтон Вајтли: Модна икона со совршен минималистички стил
БЛОГ

Роси Хантингтон Вајтли: Модна икона со совршен минималистички стил

 

Веројатно воздивнавте кога го слушнавте нејзиното име – дел поради неприкосновената убавина, дел поради совршените комбинации по кои е позната.

Ако некогаш се случи да ви снема инспирација за следниот стајлинг, тогаш на Инстаграм профилот на прекрасната манекенка Роси Хантингтон Вајтли секогаш ќе го најдете совршениот аутфит.

Вљубена во едноставните и секогаш минималистички парчиња, со огромна љубов кон впечатливите модни додатоци, Роси е една од омилените музи на модните дизајнери ширум светот, па оттаму и бројните соработки по кои е позната.

Доколку редовно ја следите на социјалните мрежи, ќе забележите дека за оваа сезона есенцијалните парчиња што таа ги обожава се впечатливите еднобојни капути, карираните палта, ролките во есенски нијанси и ултра шик чизмите кои секоја девојка треба да ги има во плакарот.

Вљубена во едноставните, но секогаш ефектни црни фармерки, манекенката оваа студена сезона одбира слоевити комбинации во кои секогаш изгледа толку тренди, а истовреме и заштитена од студот.

Она што оваа сезона го научивме инспирирајќи се од комбинациите на Роси е тоа дека секоја дама мора да инвестира во некои вистински класици кои засекогаш ќе останат да сведочат за вашиот стил во плакарот.

Подеднакво совршено кај Роси изгледаат и женските костими чии парчиња таа сака да ги комбинира и одделно, а секогаш изгледаат толку женствено, шармантно, но и исклучително впечатливо.

Секогаш вљубена во парчињата на high street брендовите меѓу кои и Mango, во нејзиниот плакар ќе најдете волуменозни бели кошули, едноставни, но уникатни палта, секојдневни парчиња како блузи со интересен израз, џинс во сите нијанси, но и ултра интересни обувки.

Кога сме кај модните додатоци, манекенката секогаш одбира чанти од познати дизајнери, додека за накитот единствено одобрена е златната нијанса која никогаш нема да ни здодее.

Доколку сте од оние кои обожуваат минималистички парчиња, тогаш плакарот на Роси Хантингтон Вајтли е инспирација каква што само можете да посакате. Нашите омилени парчиња што манекенката ги носи на единствен начин, ги гледате и купувате низ текстот.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

 

10.11.2020.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...