Барај
Дуња Радичевиќ: Убавината е во несовршеното!
БЛОГ

Дуња Радичевиќ: Убавината е во несовршеното!

14.10.2020.

 

Оваа сезона имавме навистина сериозна задача кога се кампањите во прашање. Покрај сите други детали за организација на истата, од исклучително значење беа моделите, за кои знаевме дека мора да бидат вистински професионалци.

Дуња Радичевиќ ја запознавме минатата сезона кога се покажа како совршен избор за кампањата на Mango, но и уште подобар за модната разгледница што ја подготвивме оваа година. Овој месец октомври, фотографија од Дуња од кампањата за Fashion Group се најде и на насловната на познатиот магазин „Убавина и здравје“.

Со неа имавме можност да поминеме неколку неповторливи денови низ уште поубавите локации што ги одбравме, а малку требаше да сфатиме дека таа е навистина уникатна кога се карактерот и професионалноста во прашање.

За да ја запознаете сосема одблиску, со неа разговаравме на неколку интересни теми од модниот свет, за тоа кои се границите таму, како помина снимањето на кампањата, но и за тоа кои се трендовите на кои таа им се радува во студените денови.

Со оглед на тоа што во модната индустрија вниманието се повеќе го привлекуваат уникатните девојки кои се издвојуваат од толпата, со Дуња разговаравме за тоа што е потребно за една девојка да биде забележана и секако, ангажирана.

„Денес, се чини дека трендовите ја диктираат модата и тоа како ќе се презентираме во јавноста. Мислам дека во сето ова, многу е важно да задржиме мал дел од себе. Токму тоа е она што не издвојува од останатите, нешто по што сме единствени. Бидете свои, позитивни и секогаш пријатни – токму тоа е она по што останатите ќе ве забележат и запаметат“, вели Дуња во интервјуто за Fashion Group.

Покрај нејзините ангажмани во Србија, Дуња долго време работеше и во некои од светски познатите модни метрополи, па сосема соодветно беше со неа да поразговараме за сериозните промени што се случуваат во модата.

„Мене ми се допаѓаат ваквите промени, во смисла ангажирањето на plus size или уникатни модели на писта. Се надевам дека токму ова е тоа кон што ќе се стремиме во иднина. Секоја жена треба добро да се чувствува во својата кожа. Стандардите за убавина често се сурови, затоа ваквите промени се важни за целото општество. Модата треба да биде забавна, а не оптеретувачка“, вели Дуња.

Дуња за @splendormagazine

Знаеме дека во модата никогаш не е се така розово...Што кога некој бренд ќе те одбие? Што е она кон што треба да се насочиме за со позитивни мисли да продолжиме понатаму?

„Тука ќе се надоврзам на претходното прашање. Во модната индустрија се поставени одредени стандарди за убавина и доколку не го поседувате она што во моментот се бара, веројатно ќе се чувствувавте како да не се вклопувате во окружувањето. Убавината е во несовршеноста. По години работа во модната индустрија, сфатив дека акните или некоја друга несовршеност не те дефинираат како личност. Дури и во моментите кога можеби не бев задоволна од сработеното, клиентите беа презадоволни. Според ова, прифатете се себеси какви што сте. Она што можеби вам ви пречи, другите воопшто не го забележуваат. Самокритиката понекогаш знае да биде непријател“, потврдува Дуња.

Ова не беше прв пат за Дуња да биде дел од кампања на Fashion Group, но овојпат во сосема поинакви услови, на прекрасно патување низ Македонија. Ја прашавме, како и се допаѓа есента тука?

„Прво, морам да се заблагодарам на Fashion Group што имав можност да ја запознаам Македонија на еден ваков начин. Покрај прекрасните луѓе, Македонија има и неверојатна природа и несекојдневни предели. За мене, тоа беше неверојатно откритие. Како и Србија, од каде доаѓам, мислам дека и Македонија ги нема доволно искористено своите ресурси. Се надевам дека допрва ќе се случуваат промени. Имаме многу потенцијал и квалитети во смисла на туристичката понуда. Инаку, морам да додадам и дека како љубител на вино, многу ми се допаѓа понудата од вашето подрачје“, искрена е Дуња.

Со неа, не можевме, а да не поразговараме за љубовта...

„Љубовта е всушност се она што не окружува. Пријателите, семејството, работата и луѓето кои ги познавам благодарение на работата, секојдневно ме инспирираат. Љубовта е и насмевката што ќе ја упатите на некој непознат на улица или на човекот што работи во локалната продавница. Љубов никогаш не може да има премногу, таа се множи со делење. Не би можела да именувам само една работа или личност што за мене претставува најголема љубов“.

Последно, но не и помалку важно, со Дуња разговаравме за тоа што таа ќе носи кога е студената сезона во прашање.

„Всушност, многу повеќе ја сакам зимската гардероба, отколку самата зима. Многу им се радувам на капутите, на зимските капи и чизми, а секогаш омилени ми се „oversized“ џемперите. Мислам дека токму тие се must have за оваа сезона, бидејќи се толку стилски, а истовремено ќе се чувствувате пријатно и топло“, завршува Дуња.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                               

Остави коментар

Trenutno nema komentara

Слични статии

22.
Oct.
2020.
БЛОГ
Овојпат, со неверојатно задоволство го откриваме проектот на кој работевме изминатиот период, а тоа е целосно нова платформа www.okaidi.com.mk полна изненаду...
21.
Oct.
2020.
БЛОГ
Кога говориме за зимските обувки, се чини Timberland чизмите се најголемиот класик кој секогаш носи посебна приказна зад себе.
20.
Oct.
2020.
БЛОГ
За пригодата, Летиција одбра панталони и чевли од познатиот high street бренд Манго и еден од нејзините омилени, а совршената есенска комбинација ја надополн...
string(0) ""
string(0) ""