Барај
%
×
Forever denim with replay
Официјално, ова се најстилските кожни јакни за сезонава!
БЛОГ

Официјално, ова се најстилските кожни јакни за сезонава!

 

Меѓу неколкуте култни парчиња што се must have во секој женски плакар, постои едно на кое секогаш му се враќаме со огромна радост.

Како едвај да чекаме да дојде прекрасната есен кога слоевитото облекување неизмерно не исполнува, а истовремено сето тоа изгледа толку шик.

Да, добро помисливте – говориме за кожната јакна како императив на есенската облека. Без разлика дали сте од оној тип на дами кои ги обожуваат рокерските кожни јакни или пак од оние романтичарките кои секогаш одбираат нешто понежно во неутрална нијанса, ова е парче што задолжително мора да го имате во плакарот.

Кожната јакна секогаш им дава некоја доза на мистичност на нежните комбинации составени од лежерен фустан и шик чизми или пак уште повеќе ги заокружува оние со фармерки со висок струк и кошула со принт.

Кожена јакна: Superdry, Фустан: Scotch&Soda, Чизми: Steve Madden, Чанта: Desigual

Новите колекции на нашите брендови донесоа сосема нови вибрации кога станува збор за култната кожена јакна, но дел од нив само потврдија дека дамите понекогаш едноставно обожуваат класици.

Кога говориме за боите, есенските комбинации девојките овојпат ќе ги обојат во кафена и неодолива беж нијанса, но секако, на пиедесталот секогаш ќе ја најдете црната.

Кожена јакна: Mango, Фустан: Springfield, Патики: Tommy Hilfiger, Чанта: Mango

Она што е интересно оваа сезона е тоа што познатите брендови понудија малку поинакви кроеви на кожните јакни, надополнети со суптилни детали како крзно, реси во пределот на патентите, волуменозни ракави и впечатливи копчиња.

Кожена јакна, фармерки, кошула: Mango, Чизми: Geox

Во зависност од тоа каков е вашиот стил, одберете го совршениот модел кожна јакна уште денес, за сосема подготвени да ја дочекате новата сезона, но обидете се и да експериментирате, па набавете си нешто со што ќе изненадите!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                             

 

17.09.2020.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...