Барај
Новите и шик парчиња што го освоија Инстаграм!
БЛОГ

Новите и шик парчиња што го освоија Инстаграм!

 

Има нешто толку посебно и магично што студената сезона го носи со себе, а кога на тоа ќе му додадеме и нови и шик модни трендови, тогаш... нека дојде есента побрзо!

Веројатно не постои вљубеник во модата за кој новите сезони не носат специјална возбуда, а тоа е особено точно оваа прекрасна сезона што е пред нас.

Познатите брендови веќе ги претставија своите нови колекции во кои вметнаа многу кожени и плетени парчиња кои се есенцијални кога говориме за есенските комбинации.

Совршена база на секој аутфит за студената сезона се и фармерките кои овојпат доаѓаат во многу нови, шик варијанти, но и куси карирани здолништа кои девојките ги обожуваат и во последните летни денови.

За да не пропуштите ниту еден тренд или пак шик парче од нашите колекции, ние постојано ја обновуваме нашата колекција „Ново“ каде секојдневно можете да ги пронајдете вашите фаворити.

Покрај класичните капути и јакни што ги обожаваме секоја сезона, оваа во преден план доаѓаат таквите со малку поинаков крој и дезен, а вакви и слични модели ќе најдете во секоја од новите колекции на нашите брендови.

Момците и оваа сезона повторно се вљубуваат во кошулите со кои знаат дека оставаат неодолив впечаток, а се топлат и со тренди јакните со потпис на Levi’s чии дизајнери секогаш прават кул работи.

Погледнете ги нашите нови парчиња и уште денес создадете си неколку комбинации со кои ќе ја пречекате есента со стил!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

07.09.2020.

Слични статии

10.
May.
2024.
БЛОГ
Дали си и ти еден од 70.000 регистрирани корисници на онлајн продавницата на Fashion Group? Ако одговорот е да, тогаш сме многу среќни што си дел од големото...
16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...