Барај
Направете нечиј ден посебен со Fashion Group Gift Card!
БЛОГ

Направете нечиј ден посебен со Fashion Group Gift Card!

 

Изборот на совршен подарок никогаш не бил полесен! Од денеска, направете вашите најмили да се чувствуваат неверојатно на нивниот посебен ден со подарок - картичката на Fashion Group.

Одберете ја соодветната од трите картички во вредност од 1.000, 3.000 или 5.000 денари во било која од продавниците на Fashion Group и подарете нешто уникатно на специјалните луѓе во вашиот живот.

Подароците од денеска имаат една сосема поинаква димензија и значење со самото тоа што на драгите луѓе во вашиот живот им давате целосна слобода сами да си го одберат подарокот и вистински да уживаат во него.

Со нашите подарок - картички, им овозможувате едно поинакво, лично искуство со тоа што им овозможувате да си ја одберат совршената комбинација за себе.

Во пресрет на подобрите денови што се пред нас, кога повторно ќе му се вратиме на уживањето во семејните прослави и специјални поводи, одбирањето на подарок ќе биде исклучително лесно.

Подеднакво прекрасно е и дарувањето без причина, кога на некој ќе му го разубавите денот бидејќи едноставно помисливте на него, а сега тоа може да го направите на исклучително брз начин.

Дозволете им на вашите најмили да одберат некое парче од новите колекции на нашите брендови и во исклучителен стил да започнат да уживаат во неодоливата есен која секогаш носи магија со себе.

*Подарок - картичките на Fashion Group можете да ги купите во сите наши продавници, при што на задната страна од секој ваучер е наведено во кои продавници може да се искористи истиот.

При купување на подарок - картичката добивате фискална сметка која задолжително треба да ја приложите при искористување на ваучерот. Истиот не може да се замени за парични средства и има важност 60 дена од купувањето со еднократно користење. Вредносните ваучери не може да ги користите онлајн. 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:
                                               

 

 

27.08.2020.

Слични статии

10.
May.
2024.
БЛОГ
Дали си и ти еден од 70.000 регистрирани корисници на онлајн продавницата на Fashion Group? Ако одговорот е да, тогаш сме многу среќни што си дел од големото...
16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...