Барај
Style of the day: Фустанот како стилски одговор на секој повод!
БЛОГ

Style of the day: Фустанот како стилски одговор на секој повод!

 

Иако можеби некој ќе каже дека комбинацијата фармерки – маичка е најлесната и најстилска во сите оние моменти кога не знаете што да облечете, сепак никој не може да му го одземе тронот на омиленото парче на сите времиња – фустанот!

Секоја дама во својот плакар треба да има барем неколку различни модели на фустани кои ќе бидат стилски одговор на секоја прилика и секако, чевли што соодветствуваат со истите.

Овој понеделник ве потсетуваме на тоа колку прекрасни парчиња се фустаните и колку женствено се чувствуваме кога ги носиме истите.

При крајот на летото и пред почетокот на есента, дозволени се сите бои, но меѓу нив особено се истакнува една која секогаш е толку елегантна и совршен избор за бројни прилики – црната.

Кога истата е комбинирaна со бели детали и сребрен накит, тогаш имате се што ви треба за да оставите впечаток.

Фустан: Mango, Чанта: Parfois, Патики: Geox

Новите колекции на нашите брендови се полни со стилски фустани со различни кроеви, па можете да го одберете вашиот фаворит уште денеска, а ние ви нудиме неколку целосни комбинации кои знаеме дека ќе изгледаат одлично на вас.

Токму фустанот е парче во кое секогаш ќе изгледате средено, а можете да го носите на работа, на ручек со пријателите и секако, да блеснете на омиленото место во ноќните часови.

Фустан, чанта: GUESS, Чевли: GEOX

За надополнување на истиот имате безброј можности, па така, зависи од моделот, фустанот можете да го носите со едноставни бели патики кои секогаш се толку удобни и стилски, со високи елегантни потпетици, но и со чизми до глужд кои се како создадени за периодот што допрва доаѓа.

Волуменозните кроеви и оваа есен ќе бидат ултра популарни, а посебно му се радуваме и на трендот што меѓу омилените ги става и кожените и фустаните изработени од нежни и тенки материјали.

Фустан, чизми: Mango, Чанта: Parfois

Погледнете ги комбинациите што денеска ги подготвивме само за вас и одберете го фаворитот во кој со сигурност ќе бидете супер впечатлива каде и да се појавите!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                     

24.08.2020.

Слични статии

10.
May.
2024.
БЛОГ
Дали си и ти еден од 70.000 регистрирани корисници на онлајн продавницата на Fashion Group? Ако одговорот е да, тогаш сме многу среќни што си дел од големото...
16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...