Барај
%
×
Effortless style with Hugo
Во четврток носиме...стилски модни додатоци!
БЛОГ

Во четврток носиме...стилски модни додатоци!

Очекувано, летната сезона кај нас секогаш буди желба за неодоливи бои, па иако неутралните тонови се вистински хит летово, некако повторно им се враќаме на интензивните.

Веруваме дека веќе се дотеравте за прекрасниот четврток, но и дека не заборавивте на модните додатоци без кои изгледот никогаш не е целосен.

Раскошната палета на бои и уште поубавите модели од нашите брендови, ги прават летните модни додатоци попривлечни од кога и да е.

Освежете ги вашите летни комбинации со стилска чанта од Guess во интензивни нијанси, неодолив накит од Parfois како еден од омилените ова лето, а бидете и во центарот на вниманието со шик очилата од Mango.

Во шармантната колекција модни додатоци што ја направивме само за вас, ќе најдете и совршени парчиња за на одмор, со кои само дополнително ќе ги истакнете лежерните фустани и костими за капење.

Вистински хит оваа топла сезона се сламените торби во сите големини и модели, па доколку се уште не ја одбравте вистинската за вас, денеска е совршен ден за тоа.

Познатите девојки ова лето се целосно вљубени и во накитот со школки, па не двоумете се доколку сакате нешто што ќе ги „зачини“ вашите секојдневни комбинации.

За дамите вљубени во класиците, тука се парчињата во сигурни нијанси како сребрена и златна, кои секогаш се меѓу најпосакуваните.

Најубавите модели на модни додатоци за ова лето ги гледате во нашата колекција полна шарм!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                     

16.07.2020.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...