Барај
%
×
Live in LEVIS
Во четврток носиме...маички со апликација!
БЛОГ

Во четврток носиме...маички со апликација!

Во текот на целата година мечтаеме за лето и постојано говориме како тоа е најубавата сезона што воопшто постои, но кога ќе дојдат тропските горештини, понекогаш едноставно е тешко да се најдат соодветните парчиња облека.

Не постои поубаво и полежерно парче во текот на летото од стилската маичка на куси ракави, па инвестицијата во нив е секогаш добра работа.

Само за вас, ние подготвивме неодолива колекција на маички на куси ракави со апликација, кои секогаш се добредојдени во секојдневните комбинации, меѓу кои и оние за на работа, прошетка, семеен ручек, па дури и вечерна забава.

За момците, истите се исклучително лесни за комбинирање, па така доколку денот ви го дозволува тоа, носете ги со бермуди, со карго панталони или пак со кул фармерки за повпечатлив изглед.

Материјалот е нешто што треба да биде на прво место кога одбирате маичка на куси ракави за лето во градот, па така во колекцијата сместивме парчиња од исклучително одбран материјал во кој ќе уживате во текот на целиот ден.

Сами по себе, овие модели се како создадени и за оние моменти кога се договарате за брзо вечерно кафе со пријателите, па сакате да изгледа добро и да се подготвите за исклучително кусо време.

Со чифт добри патики, имате стајлинг кој изгледа супер шик, а истовреме можете да го поминете целиот ден во него и истиот е совршен за безброј пригоди.

Брендовите што ги обожавате, оваа сезона создадоа огромен број маички со апликација, почнувајќи од едноставни испишани букви, па се до принтови што неодоливо потсетуваат на лето или пак впечатливи мотиви од секојдневието.

Без нималку труд, изгледајте шик на секоја забава и наполнете ја кошничката уште денес! Вашите нови омилени маички со апликација ги имате на следниов линк...

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

02.07.2020.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...