Барај
%
×
Live in LEVIS
Во четврток носиме...еко парчиња!
БЛОГ

Во четврток носиме...еко парчиња!

Веројатно и вие забележавте дека во последниве години, голем број од познатите и high street брендови почнаа да создаваат парчиња направени од органски материјали.

Она што е уште подобро е тоа што како поминува времето, токму овие еко парчиња имаат исклучително прифатливи цени ако гледаме на тоа од што истите се изработени.

Ако порано овие парчиња можеби не беа толку достапни, денеска, секојдневно можеме да носиме маички, здолништа, фармерки... изработени од еко материјали во кои секогаш се чувствуваме толку добро.

Доколку се најдете во ситуација некогаш да платите повеќе од она што мислите дека би било соодветна цена, запомнете дека ова се парчиња кои се вистински класици и кои ќе траат многу повеќе од оние изработени од обични материјали.

Само за вас, направивме колекција од еко парчиња за која знаеме дека ќе биде вашата нова, омилена дестинација. Во истата, ќе најдете производи од нашите брендови чија листа постојано ќе се надополнува и ќе можете да одберете исклучително квалитетни парчиња изработени од еко материјали.

Во оваа колекција, мајките ќе најдат совршено мека облека од омилените Okaidi, меѓу кои и маички на куси ракави за уживање во секојдневието, панталончиња и хеланки за малите принцези, бермуди за момчињата и пижами за уште послатки сништа.

Уживајте во летото со секогаш удобните сандали и патики на Timberland, со стилските фармерки и памучни блузички на Mango, но најмногу со долната облека на Women’Secret која секогаш е уникатно искуство.

Погледнете ја целата еко колекција на овој линк и наполнете ја Вашата кошничка уште денес.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

 

 

 

25.06.2020.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...