Барај
%
×
This is our outdoors - Timberland
MANGO, Life in bloom: Романтични парчиња за цело лето!
БЛОГ

MANGO, Life in bloom: Романтични парчиња за цело лето!

Во обид да го врати ентузијaзмот во нашите животи и со позитивни мисли да го започнеме новото поглавје, Mango ја лансира кампањата “Life in Bloom”.

Oвој проект го рефлектира актуелниот контекст, кога после месеци од социјално дистанцирање, со обновена енергија сè повеќе се насочуваме кон природата, кон оние кои ни се блиски и да го цениме многу повеќе она што светот има да ни го понуди.

Познатиот моден фотограф Cass Bird, ја доловува сензибилноста и спонтаниот стил преку фотосесија направена во Аргентина. Во ова летно окружување фото моделите Andreea Diaconu, Kaya Wilkins, Jill Kortleve, Oumie Jammeh, Boyd Gates и Anders Hayward се главните протагонисти во моменти на споделена радост.

Женските модели од колекцијата за лето 2020, која е 100% одржлива колекција, се направени од природни материјали во разиргани бои дополнети со цветни дезени.

Боите како црвена, жолта и пастелна розова се тука за да придонесат за подобро расположение, додека пак силуетата на моделите – балон ракави, карнери и широки здолништа се отсликување на богатствата и разновидноста на природата. Пуплинот е доминантен материјал во колекцијата за ова лето.

Покрај оваа неодолива колекција која знаеме дека ќе го одземе здивот на сите романтичарки, на нашата онлајн страница можете да ги погледнете и сите останати нови модели создадени за топлите летни денови.

Плисираните бели фустани, слатките кошулки со цветен принт, памучните и едноставни маички на куси ракави, како и комбинезоните со исклучителен принт се парчиња што ќе бидат во фокусот оваа топла сезона.

Посетете ги продавниците на Mango во Скопје Сити Мол и ГТЦ, како и веб страницата www.fashiongroup.com.mk и откријте ја целата летна колекција со неодоливи парчиња.

 

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                                 

 

12.06.2020.

Слични статии

10.
May.
2024.
БЛОГ
Дали си и ти еден од 70.000 регистрирани корисници на онлајн продавницата на Fashion Group? Ако одговорот е да, тогаш сме многу среќни што си дел од големото...
16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...