Барај
%
×
Kids Collection
Почнува нашата омилена сезона: Сите носиме бело!
БЛОГ

Почнува нашата омилена сезона: Сите носиме бело!

Пролетната и летната сезона воопшто, секогаш се синоними за безгрижни парчиња, најчесто обоени во светли нијанси, а тука ја вбројуваме и онаа на пиедесталот – белата!

Новите колекции на нашите омилени брендови се полни со токму такви парчиња, а веруваме дека и вие ќе го најдете вашиот фаворит од мноштвото бели модели.

Станува збор за парчиња кои се вистински класици и такви кои мора да ги имате во плакарот, за сите оние пригоди кога сакате да изгледате стилски, а немате многу време.

Топлата сезона е совршено време кога можете да ги комбинирате овие парчиња во неодоливи бели нијанси со што и да посакате, а секогаш сигурна комбинација е онаа со џинс.

За оние храбрите, вистински шик е и целосно белата комбинација, па не двоумете се доколку за утрешниот состанок сакавте да одберете бело палто и панталони во иста нијанса.

На врвот на листата омилени лежерни комбинации пак оваа пролет се искачија сите оние со бел џинс, а во колекциите на нашите брендови истите ги имате во изобилство.

Погледнете дел од понудата во продолжение и одберете ги вашите омилени бели парчиња во кои знаеме дека ќе се вљубите.

 

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                

 

27.04.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии