Барај
%
×
Guess - La dolce Vita
Се забавуваме со Окаиди: Игри што ќе ги обожува целото семејство!
БЛОГ

Се забавуваме со Окаиди: Игри што ќе ги обожува целото семејство!

Додека се уште трае периодот на изолација, а истовремено децата постојано бараат забава, најголемиот дел од времето го трошиме да пронајдеме забавни игри и активности кои можеме да ги спроведеме во нашиот дом.

За да ви ја олесниме потрагата и барем малку да го пополниме времето кое сега веќе на сите ни се чини бесконечно, денеска ви предлагаме неколку ултра забавни активности за кои ќе ни се заблагодарите подоцна.

Сите игри можете да ги играте со целото семејство, па така и вие на момент ќе ги тргнете мислите, а и вашите дечиња одлично ќе се забавуваат.

Станува збор за семејни игри кои веројатно ги знаете, но денеска ве потсетуваме на некои од нив и како истите се играат.

„Жежок компир“

Земете компир или топка и изберете тема, на пример главни градови, нешта кои мама постојано ги вели, итн. Првиот играч започнува со исказ за одредената тема и го фрла компирот/топката на следниот играч. Оној кој прв нема да одговори, губи!

„Расипан телефон“

Првиот играч му шепнува нешто на вториот кој седи до него, па тој на следниот и така сè до последниот кој треба гласно да ја каже реченицата која ја слушнал.

„Погоди кој е?“

Играчот е со врзани очи и треба да ги препознае останатите членови од семејството само со допирање (полесна верзија) или со гестикулациите кои ги прават (потешка верзија). Среќен, лут, шокиран, уморен, гладен...не плашете се да ја направите играта потешка и повозбудлива!

„Танцувај со мене“

„Музичко столче“ не е единствената игра со музика. Ако имате бебе дома, започнете да играте со него држејќи го во раце. Побарајте од постарите деца да бидат диџеи. Додека трае музиката, сите играат. Штом запре музиката, сите застануваат во место и се смеат, а и бебето се забавува.

„Создавајте спомени“

Побарајте од вашите деца со неколку зборови да го опишат омиленото сеќавање, место или момент што ги направил среќни. На пример, питата на мама, топла бања во ладен ден, приказните за добра ноќ со тато, итн. Запишете ги нивните одговори и ставете ги во семејниот фото албум...ќе создадете вистинска временска машина која ќе им биде сладок потсетник на радосните детски моменти, кога ќе имаат 20 и повеќе години.

Ова се само дел од игрите со кои можете да им го пополните времето на вашите деца, но постојат уште безброј други за кои ни треба само малку имагинација. Игрите со чашки или изработката на заеднички проекти како животни од фармата, сечење и лепење на разни форми, како и погодување на предмети од кутијата се секогаш проверени активности што вашето дете ќе ги обожува.

Не заборавајте дека за безгрижна игра на вашите дечиња секогаш им треба супер удобна облека, а токму таквата е дел од најслаткиот бренд Окаиди чии парчиња од неодамна можете да ги најдете на нашата онлајн продавница.

Ние денеска ви предлагаме неколку комбинации со лежерни парчиња во кои вашите најмили ќе уживаат во текот на целиот ден, што и да прават, а она на што ќе се израдувате е дека истите сега се на неодолив попуст!

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                              


 

08.04.2020.

Слични статии

19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...
27.
Dec.
2023.
БЛОГ
Долгоочекуваниот сезонски попуст во Fashion Group започна! Искористи ја можноста за попусти до -50% и заврши ја годинава со шопинг каков што одамна не си има...