Барај
%
×
Live in LEVIS
Останете фит и дома: Вежбаме со Fashion Group!
БЛОГ

Останете фит и дома: Вежбаме со Fashion Group!

Без разлика што подолго време сме дома, во ниту еден момент не смееме да заборавиме на здравите навики кои до скоро беа наше секојдневие.

За да заборавиме на стресот и да се посветиме на убавите работи на кои ќе им се вратиме наскоро, само за вас организиравме онлајн вежбање со Fashion Group и студиото за вежбање Fit Kit на нашиот профил на социјалната мрежа Инстаграм. 


 

Само за вас, искусните инструктори од студиото ќе се вклучуваат во живо на нашиот Инстаграм профил и ќе држат бесплатни тренинзи, а во исто време ќе можете да поставувате и прашања за здравиот начин на живот, кои знаеме дека ги има многу во ова време на изолација.

Се со цел да ги задржиме старите добри навики за вежбање и да ви ги оттргнеме мислите на момент, ги организиравме токму овие сосема бесплатни тренинзи на кои знаеме дека секојдневно ќе им се радувате, а дел од нив веќе се во тек.

За вежбањето да ви биде ултра професионално, денеска ве потсетуваме на нашата спортска колекција со потпис на брендот Superdry каде можете да ги најдете сите парчиња во кои ќе се чувствувате удобно за време на вежбањето.

Истите можете да ги нарачате уште денеска и да ви бидат уште поголема инспирација за да се вратите во форма, доколку уживавте во слатките и вкусни задоволства во текот на карантинот.

Во новата понуда на брендот ќе најдете и совршени спортски блузони и јакни за преодното време, но и маички на куси ракави и удобни здолништа и шик фустани за топлото време.

Доколку пак и претходно секој ден го одложувавте вежбањето, сега е совршено време да ја стекнете оваа прекрасна навика за која подоцна ќе ни бидете благодарни. Нема ништо поубаво од добро поминат тренинг, после кој ќе заборавите на сите грижи и ќе се чувствувате како сосема нова личност.

Сите истражувања покажуваат дека вежбањето драстично го намалува стресот и поттикнува опуштање на целото тело, па нема подобро нешто во овој момент од еден час супер вежби.

Засега, се релаксираме и вежбаме од дома со Fashion Group и Fit Kit, додека сме во исчекување на денот кога конечно ќе се вратиме во сала!

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                  

01.04.2020.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...