Барај
%
×
This is our outdoors - Timberland
Gaston & Daniela за Women’secret: Колекција полна егзотични парчиња!
БЛОГ

Gaston & Daniela за Women’secret: Колекција полна егзотични парчиња!

Една од најпознатите светски компании за текстил Gaston & Daniela создадоа магична колекција за Women’secret во која сместија неодоливи парчиња полни егзотични принтови и бои.

Во лимитираната колекција на брендот ќе најдете романтични фустани, аксесоари како венчиња, очила за сонце, додатоци за коса и неколку други парчиња во кои ќе се вљубите на прв поглед.

Оваа авангардна колекција која е една од највпечатливите на брендот сосема заслужено привлече огромно внимание, бидејќи ретко се случува една од најпознатите и најисториски куќи за текстил да создаде луксузни принтови и да ги преслика на парчиња.

Што се однесува на боите, истите доаѓаат во неколку нијанси како впечатлива розова и сина, нежна бела како основа, но и магична зелена која прекрасно ја отсликува пролетта.

Дел од колекцијата е и ова совршено скроено боди кое овојпат доаѓа во две нијанси – розова и сина, а на кое се насликани можеби најубавите принтови на Gaston & Daniela кои повикуваат на танц во долгите летни ноќи.

Она што е неодоливо и се провлекува низ целата колекција е мешањето на принтови како нешто посебно омилено на девојките во последно време, а кое овојпат е направено толку умешно и едноставно знаеме дека ќе го обожавате.

На кратко избегајте од реалноста и погледнете ја неодоливата нова колекција на Women’secret во чии парчиња знаеме дека ќе сакате да го поминете летото.

Само сега, сите парчиња од магичната колекција се на 20 проценти попуст, а вашиот фаворит можете да го нарачате уште денес и истиот ќе пристигне до вашиот дом со целосно бесплатна достава.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                              

31.03.2020.

Слични статии

10.
May.
2024.
БЛОГ
Дали си и ти еден од 70.000 регистрирани корисници на онлајн продавницата на Fashion Group? Ако одговорот е да, тогаш сме многу среќни што си дел од големото...
16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...