Барај
%
×
Kids Collection
Сите стилски кошули од Манго на супер попуст!
БЛОГ

Сите стилски кошули од Манго на супер попуст!

Можеби ни е малку тешко да се збогуваме со топлите џемпери и капути кои толку ги обожававме во текот на зимата, но мора да признаете дека нема ништо поубаво од лежерна и тренди кошула во пролет.

Токму такви ќе пронајдете во големата понуда на еден од омилените брендови на девојките ширум светот, Манго, а истите сега имаат и дополнителен неодолив попуст.

Збогатете ја вашата гардероба со неколку стилски парчиња од Манго и комбинирајте ги со што и да посакате за секојдневен шик изглед независно од пригодата.

Се што ви треба за топлата сезона на чии денови допрва ќе се радуваме е впечатлива и уникатна кошула за совршен изглед, а доколку се уште не сте ги одбрале вашите фаворити, сега е вистинското време за тоа.

Сите кошули што денеска ќе ви ги претставиме се одлични за вашиот секојдневен деловен изглед, а истите комбинирани со фармерки или панталони со висок струк изгледаат едноставно неодоливо.

Носете ги и со кожени панталони се додека времето ни го дозволува тоа, но и со вашите омилени здолништа и стилски чизми до глужд или потпетици со кои и велиме добредојде на пролетта.

Ваквите парчиња се совршени и за оние моменти кога имате посебен настан пред вас, а на кој сакате да оставите особено внимание, па истите се доволни за да бидете впечатлива.

Оваа пролет, кошулите на Манго доаѓаат во различни кроеви и дезени, па така одберете нежна розова со широки ракави, едноставна и бела како ваш сојузник во сите денови кога не знаете што да облечете, но и уникатна во сино – бели пруги кога сакате да бидете поинаква од останатите.

Само до втори април, ве разгалуваме со попуст од 20 и 30 проценти, а истиот се пресметува во кошничка.

Она што е важно да напоменеме е дека доставата е целосно бесплатна, а ве потсетуваме и дека сега е најважно да останеме дома и да ги подготвиме најубавите комбинации за убавите времиња што се пред нас, а на кои толку многу им се радуваме.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                              

30.03.2020.
Trenutno nema komentara

Слични статии