Барај
%
×
Forever denim with replay
Сите подароци што жените ќе ги обожуваат за 8 – ми март
БЛОГ

Сите подароци што жените ќе ги обожуваат за 8 – ми март

Уште само една недела не дели од еден од најзначајните празници за жените ширум светот, па иако наскоро ќе почнат фразите дека секој ден треба да се подарува, малите нешта тој ден се навистина значајни.

Иако се согласуваме дека секој ден треба да е празник на кој ќе се слави жената и не треба повод за подароци, 8 – ми Март е прекрасен ден кога може да ги израдувате дамите во вашиот живот со уникатни подароци.

По тој повод, за вас подготвивме специјална колекција наречена „Подароци за неа“ во која сместивме навистина посебни нешта за кои сме сигурни дека било која жена ќе ги обожава.

Навидум вистински класици, но овојпат во малку поинаква и тренди форма, подароците од оваа празнична колекција се совршени за различни возрасти.

-Чанти што секоја жена ги посакува

Не постои жена на светот која некогаш рекла дека има доволно чанти. Поради тоа, нема воопшто да згрешите доколку за жената во вашиот живот одберете некоја од големиот број чанти што ги издвоивме за вас, а кои се совршен завршеток на секоја комбинација.

-Уникатен накит за посебни дами

Без разлика дали се работи за ланче, алка или обетки, жените секогаш обожаваат да носат накит. Дознајте кој е нејзиниот омилен модел и уште денес нарачајте за подарокот да пристигне навреме.

-Марами

Ако вашата понежна половина не излегува од дома без некоја стилска марама, тогаш проверете ги моделите од новите колекции за кои и повеќе од сигурно е дека ќе ги обожава. Пролетта е прекрасно време кога комбинацијата од лежерна јакна и марама е се што ви треба.

-Часовници

Сезонава што доаѓа часовниците ќе бидат едни од најпосакуваните модни додатоци, па сега е вистинско време да купите некој од тренди моделите во понудата.

-Паричници

Вистински класик што никогаш нема да здодее. Паричниците секогаш се меѓу првите подароци на листата со кои никогаш нема да погрешите.

-Online only 

Доколку се уште не сте ја погледнале нашата колекција Online only, ова прекрасно попладне можете да го направите тоа. Токму таму ќе најдете производи што ги нема во продавница, а со тоа вие ќе бидете првите што ќе ги носат. За Денот на жената ви предлагаме обетки и ланче во неодолива виолетова боја.

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                

28.02.2020.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...