„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога - Bitsiani!
Познатиот бренд оваа пролет има нова колекција подготвена со идеја момците да ја сменат „играта“. Како? Да одберат нешто поинакво, свежо и светски!
Bitsiani водичот за оваа матурска сезона вели дека боите се тренд број еден. Од сини до пастелно розови комбинации, во нив се инкорпорирани младешката енергија, смелост и живот! Нема простор за здодевност на матурската забава, па дури и кога се работи за изгледот. Лежерната елегантност која се содржи во кројот овозможува удобност и лесни движења во вечерта кога треба навистина да доминираат.
За момците кои сакаат нешто уште похрабро - одела со принт или уште повеќе - принт + боја. Одличен начин да се спои новото со класичното. Да се привлече внимание, но со вистинската доза на стил и уникатност. Супер избор за оние кои уживаат да привлекуваат погледи.
Не ги забораваме ниту момците кои за ваква (или било која друга) свечена пригода би ѝ дале предност на елеганцијата и безвременоста. Кога некој сака вака да изгледа, одбира црно струкирано Bitsiani одело и добриот впечаток е веќе загарантиран.
Секако дека овде понудата на Bitsiani не завршува, но е добар вовед во она што можеш да го очекуваш оваа пролет кога ќе имаш многу причини за славење.
Биди добро облечен Bitsiani фраер со манири! А ако ти треба совет или сугестија како да издоминираш во оваа сезона на прослави, тимот на Bitsiani е секогаш тука за да ти помогне да ја понесеш уникатноста со стил!
Организација и реализација: Fashion Group
Фотограф: Мартин Трајановски
Локации: Клуб Хазард, Куглана Мусандра, Тениско игралиште Александар Палас
Гардероба: Bitsiani