Барај
%
×
Women'Secret
Fashion Group и овие празници сподели среќа со другарите од Центарот за Даунов синдром
БЛОГ

Fashion Group и овие празници сподели среќа со другарите од Центарот за Даунов синдром

 

Во празничната сезона, повторно се сретнуваме со сите наши пријатели, а секогаш уживавме и во дружбата со нашите другари од Дневниот центар за Даунов синдром кои беа и повеќе од расположени, особено за роденденот на нивниот другар Никола.

 

 

Искрени, како и секогаш, не’ пречекаа весели и со широки насмевки, a дополнителна среќа им причинија и подароците од Fashion Group за уште повесели празници.

Како и на сите наши пријатели, така и на најмилите, им посакавме многу радост и среќни мигови во новата 2024 – та година, а заедно му го честитавме роденденот и на Никола и му посакавме многу радосни и среќни мигови во следната година.

 

 

За дружењето да биде уште поубаво, тука беше и Центарот Трисомија 21 од Скопје и Дневниот центар Доза Среќа со кои заедно уживавме во новогодишната и роденденска прослава.  

Во име на нашето пријателство, компанијата Fashion Group им ги разубави празниците со одредена донација, а за паметење беше и денот поминат во нивниот центар каде заедно се радувавме на убавите денови што се пред нас.

 

 

Тие нѝ ги раскажаа нивните желби за новата година, а како и секогаш, беа ултра расположени за добра музика и дружба.

За миг, сите заедно заборавивме на нашето секојдневие и си раскажавме на што заеднички треба да работиме за секој еден ден од 2024 да биде уште поубав и поуспешен од претходните.

22.12.2023.

Слични статии

26.
Jul.
2024.
БЛОГ
Ова лето, дозволете си да бидете понесени од нова вибрантна приказна свежо пласирана од брендовите на Fashion Group. Неодоливите и никогаш поубави парчиња со...
22.
Jul.
2024.
БЛОГ
Tретиот број на нашиот дигитален магазин што полека станува ултра обожуван, им го посветуваме токму на мајките. Нив ги олицетворивме со прекрасната Ангела Ге...