Барај
%
×
Live in LEVIS
Dan John x Movember: Биди фраер, грижи се за своето здравје!
БЛОГ

Dan John x Movember: Биди фраер, грижи се за своето здравје!

 

Во супер шармантна атмосфера, помалку дискретно како што и им доликува на овие теми, вчеравечер италијанскиот бренд Dan John во рамки на групацијата Fashion Group уште еднаш докажа зошто е обожуван меѓу многумина.

 

 

 

 

Инспириран од приказните на момците, секој ноември брендот апелира на поголема свесност за машкото здравје, а низ целата година на момците им посочува колку се важни редовните прегледи.

Овојпат брендот ја имаше честа да соработува со исклучителниот доктор специјалист уролог Горан Јовиќ кој на најдобар можен начин на момците им ги посочи сите предности од навремените прегледи, а и одговори на многу од нивните прашања.

 

 

Дека можеби се’ уште се вртат табу теми околу машкото здравје се потврди и вчеравечер на настанот во организација на Fashion Group, а поддржан од Dan John, но она што радува е што во последните неколку години момците се се’ повеќе отворени и подготвени да говорат на овие теми.

Дарко Глишиќ, Марко Марк, Стефан Спирковски, Иван Наумовски, Бојан Гиевски, Мики Црнокрак, Борјан Ристовски, Дејан Пауновски, Дарко Ангеловски,Андреј Папаз, Жарко Чулиќ се само дел од момците кои ветија дека низ целата година ќе ги пропагираат редовните прегледи како исклучително важни за да се спречи било што од она што доктор Јовиќ несебично го сподели со присутните.

 

 

Неговите совети беа апсолутно добредојдени за секој од овие момци, особено едукативните разговори поврзани со тоа кога е вистинското време да се посети уролог, кои се симптомите дека нешто се случува со вашето здравје, кога да се алармира и како да не дојде до тоа, кои се причините за најчестите болести кај мажите итн.

Говореше и за тоа колку спортот е важен во целиот процес на создавање здраво тело, колку е важно редовното и количинско консумирање на вода, како и колку е едноставно да се самопрегледаш и буквално уште многу интересни теми кои вредеше да се слушнат.

Доколку овој месец не успеа да посетиш уролог за редовен преглед, се надеваме дека барем малку те инспириравме да го сториш тоа во некој од следните месеци.

Биди фраер, грижи се за себе!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

28.11.2023.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...