Барај
%
×
Effortless style with Hugo
Теодора Јаневска, менаџер на Springfield: 18 години сме симбол за удобност и квалитет!
БЛОГ

Теодора Јаневска, менаџер на Springfield: 18 години сме симбол за удобност и квалитет!

 

Вашиот омилен бренд Спрингфилд месецов слави 18 години од отворањето на првата продавница во Македонија, а низ годините дефинитивно стана симбол за удобност и квалитет.

 

 

Омилен на многу генерации, благодарение на големата понуда, години наназад брендот нуди исклучителни парчиња кои се љубов на прв поглед. Сезонава, прославуваме со неодолива колекција во совршени есенски бои, но најмногу со лансирањето на детската колекција која е шармантната верзија од онаа на „големите“. Токму оваа колекција се чинеше дека е совршен начин да го прославиме „полнолетството“ и да внесеме доза свежина во новата сезона и во она што следува. За новитетите и за она како Спрингфилд стана еден од омилените брендови на сите генерации, читате во продолжение од интервјуто со Теа Јаневска, бренд менаџер на Спрингфилд.

 

 

„Спрингфилд“ слави полнолетство! Што го прави омилен кај корисниците сите овие години?

Спрингфилд ги следи модните трендови, нуди пристапни цени, а тука се и промоциите кои овозможуваат достапност кај купувачите. Квалитетот и удобноста придонесуваат исто така за долги години да биде еден од омилените брендови на купувачите во околу 60 земји во светот.

Како се развиваше брендот низ годините?

Квалитетот, цените, а и пријатниот продажен простор во кој купувачите се услужени од позитивни и љубезни вработени се причина за успех и добро котирање на брендот. Токму овие работи, доведоа до тоа нашата база на лојални клиенти постојано да се зголемува, за што ми е особено драго, бидејќи низ годините тие во нашиот бренд го најдоа токму она што им треба за секоја пригода во животот. Приказната на Спрингфилд започна пред точно 18 години, за денеска на неговото „полнолетство“ да има три прекрасни продавници на одлични локации и дополнително, исклучителна понуда на онлајн страната на Fashion group.

Која е главната философија/мото на брендот и како вие како менаџер се трудите тоа да го задржите во функционирањето на брендот во Македонија?

Она што во Спрингфилд отсекогаш ни било најважно е да ја задржиме квалитетната понуда за нашите клиенти и да им понудиме уште постилски парчиња во периодот што доаѓа. Не постои нешто подобро од тоа да видиме како нашите клиенти се враќаат, задоволни од понудата. Во годините што доаѓаат, ветуваме дека ќе продолжиме да се фокусираме на квалитетот и тоа да бидеме дел од важните пригоди на нашите клиенти.

 

 

Што значи да се биде менаџер на бренд како „Спрингфилд“? Какви предизвици носи?

За да се биде успешен во професијата, воопшто, не само како менаџер, пред се неопходна е одговорност кон задачите и обврските што се поставени пред нас. Но, исто така и желба да се напредува во работата до што може да се дојде само доколку постојано се работи на надоградување на своите знаења, доколку се поставуваат пред себе нови и се’ повисоки цели и секако, доколку се има иницијативност. Благодарна сум и што имам одличен тим со кој секогаш е полесно да се надминат предизвиците и секако, позитивно да се одговори на истите.

Што преферираат најмногу македонските купувачи кога е овој бренд во прашање?

Целиот асортиман од брендот Спрингфилд е привлечен, достапен и баран од страна на купувачите, не само во Македонија туку и ширум светот. Кај нас, морам да потенцирам дека купувачите имаат исклучителен вкус кој е можеби микс на удобното и тренди, па не смеам да ги изоставам дуксерите како едни од најпосакуваните парчиња, фустаните со интересен принт, џемперите во овој период од годината и секако, поло маичките за совршено лето.

А кои се вашите омилени парчиња од Спрингфилд без кои не можете да си го замислите гардероберот?

Од колекција во колекција секогаш ми е се’ потешко да одберам, бидејќи како поминува времето, тие се се постилски и полни парчиња во кои навистина вреди да се инвестира. Можеби, секогаш некако се навраќам на оние минималистички парчиња во една боја, капутите и палтата со исклучителен крој и јакните во кои уживам да ја поминувам зимата.

Зошто оваа есен да одбереме Спрингфилд?

Затоа што имаме уште една колекција полна парчиња во есенски тонови, надополнета со квалитетни материјали, удобни и истовремено атрактивни производи. Ве очекуваме да ви помогнеме да создадете уште една уникатна модна приказна во која знаеме дека ќе уживате, а која ви ветуваме дека ќе ја надополнуваме во годините што доаѓаат.

 

 

27.10.2023.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...