Барај
%
×
Effortless style with Hugo
20 години Fashion Group – Есента кога почна се’!
БЛОГ

20 години Fashion Group – Есента кога почна се’!

 

Веројатно и не постои поголема гордост во било која работа кога до вашето име ќе се надоврзе зборот јубилеј, а кога бројката на истиот е заокружена на 20, тогаш знаете дека изминатите години правевте нешто навистина добро.

 

 

Fashion Group ни’ носи уште една нова и исклучително возбудлива есен со која ги најавува ултра стилските колекции на омилените брендови, сега, со посуштинска приказна од кога и да е!

-За новата есенска кампања

Оваа есен, Fashion Group прославува 20 години од почетоците на омилената стилска приказна на многумина, приказна која немаше да биде онаква каква што е денес доколку не постоеја лојалните клиенти со кои беше и повеќе од чест да се гради истата.

Сосема во нивна чест, направивме кампања целосно инспирирана од уметноста која секогаш е толку тесно поврзана со она што Fashion Group го прави изминатите 20 години, а со која најавуваме уште една инспиративна и убава сезона, во која предност им даваме на малите нешта.

Во новата есен, заедно да научиме да сме повеќе присутни во секој момент од животот, да му дадеме значење на секој детал и вистински да ги сакаме работите што ги правиме. Да научиме да уживаме и во неочекуваните работи, повеќе да ја цениме уметноста, да се обидеме на единствено позитивен начин да го живееме секој миг.

 

 

-За 20 години Fashion Group

Враќајќи се наназад, сиве 20 години изминаа исклучително брзо, а повеќе од драго ни е што во текот на истите запознавме неверојатни луѓе со уште поинспиративни приказни, во чии животи ни’ беше чест да влеземе барем за миг.

Повеќе од горди сме што успеавме дополнително да го „украсиме“ секој важен момент во животот на сите наши клиенти, да бидеме тука секогаш кога ќе размислуваат за фините детали, а уште повеќе за нивните сјајни авантури.

Зборот „заедно“ секогаш звучи толку добро, а ние сме повеќе од среќни што можеме да кажеме дека изминатите години го изговоривме безброј пати. Од срце им благодариме на сите наши пријатели на кои секогаш им посочуваме дека она што е исклучително важно во животот е да имаш избор и им благодариме што толку често не избраа токму нас, а секогаш беа толку свои.

Видео од кампањата есен-зима '23

 

 

 
























Во новата сезона и сите години што следат продолжуваме да ја славиме модата и сето она што доаѓа со неа, а ветуваме многу новитети и уметнички колекции за кои знаеме дека ќе најдат место во вашиот свет!

 

17.10.2023.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...