Барај
%
×
Guess - La dolce Vita
Улична мода каква што се доживува само во Милано!
БЛОГ

Улична мода каква што се доживува само во Милано!

Новата година за модните фанатици значи само едно – модни недели! Тргнувајќи од Њујорк, преку Лондон па сè до Милано и Париз, вљубениците во модата неколку недели уживаат следејќи ги најдобрите модни ревии, но и уникатните комбинации на присутните.

Во моментов, во тек е модната недела во Милано, а сосема очекувано, улиците на еден од најтрендовските градови во светот се преплавени со стилски стајлинзи.

Повикувајќи ја пролетта, познатите гости за фотографија плус одбраа парчиња кои совршено ја отсликуваат меѓусезоната, сè уште топли, но доволно пастелни за да ги наговестат сончевите денови што доаѓаат.

Со оглед на тоа што години наназад ревиите и уличната мода од Милано ги диктираат трендовите што ќе следат, гостите навистина се трудат да се издигнат како ултра уникатни.

Годинава, во зависност од ревијата на која присуствуваат, она што е и повеќе од забележително е дека девојките повторно се вљубени во ретро трендовите од 70 – тите, пастелните нијанси, впечатливите чанти во интересни форми и секогаш, во накитот!

Ако сезонава сакавте да се издвоите од толпата и да бидете поинакви, отворете во плакарот на вашите баби и мајки и верувајте дека ќе направите комбинација совршена за на фотографија.

Не плашете се ниту да експериментирате и со боите, па така, ако планиравте да си набавите црно пролетно палто, истото заменете го со такво во интензивна црвена или пастелно сина.

Се чини на девојките никогаш не им е доста од кожени парчиња, па така, да ја завршиме зимата со кожен мантил во крем или некоја поинтересна нијанса.

Веројатно и самите ќе го забележите неверојатното влијание што првиот човек на Гучи, Алесандро Микеле го има врз модните вљубеници, а истото беше и повеќе од очигледно во комбинирањето на неговите или слични парчиња во уличните стајлинзи.

Милано е град во кој секогаш ќе доживеете уникатна модна приказна, а дамите и момците уште еднаш потврдија зошто е тоа така.

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                  

Фото: Harper's Bazaar

21.02.2020.

Слични статии

19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...
27.
Dec.
2023.
БЛОГ
Долгоочекуваниот сезонски попуст во Fashion Group започна! Искористи ја можноста за попусти до -50% и заврши ја годинава со шопинг каков што одамна не си има...