Барај
%
×
Effortless style with Hugo
Незаборавна забава во Fashion&Friends по повод ре-отворањето на продавницата!
БЛОГ

Незаборавна забава во Fashion&Friends по повод ре-отворањето на продавницата!

 

 

 

Модна прошетка, коктел во рака и добра музика? Па кој не би посакал нешто такво! Fashion Group конечно одблиску со пријателите го прослави отворањето на новата, по светски стандарди, реновирана продавница на Fashion & Friends.

 

 

Се' беше во знакот на урбаното живеење со стил, каде се испреплетени модата, музиката, доброто расположение и уживањето во добро завршената работа.

Фантастичниот микс на диџеј Бугимен и гласот на шармантната Лина Пејоска, ја диктираа атмосферата, за која и денес се зборува! Подеднакво впечатливи беа и познатите македонски инфлуенсери Луна Стефаноска, Илариа Кирилов, Бобан Тодоровски, Теа Трајковска, Октај Сејди, Антонија Локвенец и Нина Славковска кои во исклучително шик стајлинзи од новите колекции, сликаа кампања „во живо“ во самата продавница, а присутните имаа совршена можност да видат како изгледа тоа.

 

 

Fashion&Friends не би биле тоа што се, ако не ја поттикнеа модната имагинација на присутните со внимателно одбраните есенски комбинации од новите колекции, колорит и еклектичност!

Со оваа забава сакавме да прославиме за сите заеднички моменти со нашите пријатели кои ни будат убави спомени, да наздравиме за сите нови што допрва ќе дојдат и да прославиме за тоа што успеавме во целта - да создадеме светска продавница каква Скопје заслужува!

 

 

После летната пауза, повторно пријатели со сите љубители на Fashion Group и Fashion Friends! Не можевме да замислиме подобар старт на месецот.

До следната незаборавна забава, тимот на Fashion&Friens ве чека во Сити Мол!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

12.10.2023.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...