Барај
%
×
Effortless style with Hugo
Шик колекција на Women’secret и анонимната инфлуенсерка La Vecina Rubia
БЛОГ

Шик колекција на Women’secret и анонимната инфлуенсерка La Vecina Rubia

 

На Инстаграм ја следат 2.8 милиони луѓе. На Фејсбук 1.4, уште милион на Твитер - а никој од нив не знае како изгледа нејзиното лице. Шпанската блогерка, писателка и на крајот и инфлуенсерка со таква милионска публика, La Vecina Rubia, успева да ја одржува мистеријата со години.

 

 

И покрај многуте обиди да се дознае како вистински изгледа нејзиниот лик, таа не попушта во намерата да остане „без визуелен идентитет“ и се' уште добро ѝ оди.

Огромната публика ја доби благодарение на хумористичните објави. Имаше „сајбер врска“ со познатиот манекен Џон Кортахена, со што уште повеќе ја подгреа желбата кај нејзините следбеници да знаат што повеќе за неа. Двојката сподели и неколку заеднички фотографии, но секогаш се почитуваше императивот нејзиното лице да не биде откриено.

 

 

Во своето портфолио, може да се пофали дека пишува роман, се занимава со активизам и хуманитарна работа. Својата коса ја донираше за изработка на перики за болните од рак, а и самата неодамна дозна дека има рак на кожа, кој успешно ѝ е отстранет, тема на која отворено зборуваше и на социјалните мрежи, но и медиумите.

Еден од најпопуларните нејзини цитати е „Надежта добро изгледа на мене“. Но, добро изгледаат на неа и пижамите кои ги создаде во соработката со нашиот бренд Women’Secret.

Како голем љубител на модата, и сакајќи да си ја исполни желбата, ја прифати поканата на брендот да учествува во креирањето на лежерна, но и живописна колекција пижами заедно со нив.

 

 

Колекцијата наречена „Stories Verano“ или „Вистински приказни“ е вистински избор за сезонава! Колоритни,практични парчиња кои се вистинска потреба во овие летни денови.

Убедена е дека желбите посакани на 11:11 се остваруваат и дека оние што ги сакаме, а не се веќе со нас, одат на Виножитото, а токму дел од тој колорит во пастелни нијанси пренесе и во колекцијата. Со ретро нота, за која секогаш сме расположени, оваа соработка привлече огромно внимание пред се' во Шпанија, а потоа и во остатокот од светот.

Ја имаме и кај нас, па не пропуштај да поминеш во продавниците на WomenSecret или онлајн на нашата апликација.

Нека и вашата летна приказна биде вистинска и оптимистичка, токму како оваа колекција на Wоmen’Secret и мистериозната, но секогаш оптимистична La Vecina Rubia.

 

 

 

 
31.07.2023.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...