Барај
%
×
Effortless style with Hugo
Биди и ти Барби ова лето!
БЛОГ

Биди и ти Барби ова лето!

 

Македонската премиера на филмот „Барби“ се одржа вчеравечер во „Синеплекс“. Цел свет е буквално во „Барбиманија“, па нема потреба да ви потенцираме дека се' беше во знакот на розовата боја.

 

 

Инспирирани од овој голем тренд летово, ве поттикнуваме да го прегрнете и да ја „разбудите“ Барбиката во вас.

Па, дури и да не сте по розовата, тешко дека ќе одолеете да немате макар едно парче. Одберете Манго фустан или комплет од кошула и шорц во пинк нијанса или пак, ако тоа ви е премногу, тогаш одберете нешто од најновата летна колекција со принтови во розови нијанси.

На овој начин, ќе ги исполните трендовските критериуми за оваа сезона, а воедно и оние на вашиот личен моден сензибилитет.

 

 

Секогаш сме расположени за пинк обувки или чанта, со кои ниту еден ваш изглед ова лето нема да остане незабележан. 

Сандали на висока потпетица од брендот Guess или оние на Steve Maiden со циркони, за моментите кога сакате да бидете секси или колор-блок варијантата на Geox кога сакате да споите удобност и впечатливост.

Бидете Барби дури и кога спиете, а Women’Secret се погрижи за тоа со цела Барби колекција во која смести неодоливи и супер удобни пижами и модни додатоци.

Целосниот изглед завршете го со совршен глам Барби изглед и блеснете со розовите тонови од колекциите на Кико Милано.

 

 

Фотографиите што ги гледате се само дел од исклучителната розова понуда во продавниците на Fashion Group и онлајн.

Уште повеќе можете да најдете ако се прошетате до Сити Мол или Ист Гејт, а ако ви е премногу топло за да излегувате, клик на www.fashiongroup.com и почнете со планирање на пинк комбинациите.

Во Fashion Group се’ уште траат актуелните летни промоции, па не чекајте долго и искористете ги на најдобар можен начин.

 

 

 

 

 

 

 

21.07.2023.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...