Барај
%
×
Effortless style with Hugo
Трајче Петковски: Љубовта на децата кон танцот мора да се доживее во сала!
БЛОГ

Трајче Петковски: Љубовта на децата кон танцот мора да се доживее во сала!

 

Веројатно, кога човек има сериозна пасија кон она што го работи, тоа воопшто и не изгледа како работа. Така некако нѝ започна и разговорот со Трајче Петковски, основач на танцовото студио Brake a Leg во Македонија и Србија, како и на Интернационалниот фестивал на танц „Dance OFF“.

 

Кошула, панталони, еспадрили: Mango Man 

Целосно посветен на она што го исполнува, инспириран од секој еден ученик и ментор во танцовиот клуб, за Fashion Group Трајче говореше за важноста на танцот во развојот на децата, за тоа колку малку е потребно да ја пронајдеш својата пасија, за успесите на клубот локално, но и на интернационалната сцена, и за неговата сопруга Андријана без која Brake a Leg не би било она што е денес. Облечен во ултра стилски парчиња од новата колекција на Mango Man, уживајќи во својата комфорна зона и пиејќи го утринското кафе, со него поразговаравме и за повеќе од успешното Европско првенство во хип-хоп и брејкденс „IDOWorldofdance“ кое оваа година се одржа во спортскиот центар Борис Трајковски, но и за сè она што го исполнува.

Палто, панталони, маица, патики: Mango Man 

 

-Накратко, раскажи ни за сите твои актуелни проекти и најзначајно во моментов, Европското првенство во хип-хоп и брејкденс во СЦ „Борис Траковски“?

Искрено, не знам од каде да започнам... Во 2022 и 2023 се случија толку многу проекти што можам да згрешам ако почнам да ги бројам. Мината година бевме организатори на две европски првенства во Скопје, во меѓувреме станав дел од претседателството на Светската Танцова Организација, маркетинг директор... Оваа година светско во латино, Европско во хип-хоп и брејкденс... Brake a Leg е друга, посебна приказна што работи одлично, имаме супер успеси и полни сали среќни дечиња.

-Очекувавте ли толку голем успех кога почнувавте? Сумирано, кои се најзначајните моменти од тогаш до сега во твојата кариера?

Очекувавме дека ќе биде успешна приказна, но не знаевме во кој правец ќе се развива... Многу сме задоволни и среќни што станавме бренд за танцот во регионот, сега сме популарни и во Србија, имаме клуб во Ниш и одлично функционира.

-Што е она што најмногу те движи напред и покрај секогаш збиениот распоред, уморот и деновите далеку од дома?

Секогаш кога сум во Македонија сум дома со децата, сакам да го поминувам секој слободен момент со нив и со семејството. Она што ме оддржува во ова лудо темпо е безрезервната поддршка од мојата сопруга Андријана која е и најзаслужна што Brake a Leg е толку успешна приказна. Секако, не би можеле без тренерите во клубот кои се наши деца и кои израснаа со нас, а ние созреавме покрај нив: Ивана, Елена, Исидора, Симона, Лавинија, Јоана, Јована , Ана, Румена, Стефи ...

 

 














-Колку според тебе танцот е важен за правилен раст и развој на децата?

Најважен. Овде нема потреба од дискусија, секоја спортска активност е потребна и здрава за физичкиот и психолошкиот развој на децата. Тоа е особено значајно во овие дигитални времиња.

-Кој е најважниот совет што ти сакаш да им го пренесеш на твоите деца?

Да ги почитуваат родителите, да го работат она што го сакаат и да уживаат во секој момент од животот.

-Дали е ова она што сакаш да го правиш до крајот на животот? Ова е твојата животна професија?

Не знам. Ќе го работам сè додека ме исполнува. Доколку почне да преминува во обврска, тогаш ќе кажам стоп. Короната ме научи дека не е сè во парите, туку во квалитетно живеење на животот.

 

-Се опишува ли љубовта и страста што твоите ученици ја имаат кон танцот?

Не, за тоа мора да дојдете во сала и да го доживеете. Нема зборови со кои може да се опише искрената љубов на децата, а особено на оние најмалечките.

-Што е она што прво го гледаш кога размислуваш за иднината?

Освен проектите што следуваат, за сè останато можам да кажам дека живеам во реално време и го користам секој момент да уживам во животот.

Организација и реализација: Fashion group 

Локација: The Dude Specialty Coffee

14.06.2023.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...