Барај
%
×
Live in LEVIS
Што носиме за Денот на вљубените?
БЛОГ

Што носиме за Денот на вљубените?

Без разлика на тоа дали сте од оние кои едвај чекаат да дојде Денот на вљубените или пак едноставно сакате да уживате во чаша вино со партнерот или пријателите, она на што мора да посветите внимание е соодветниот стајлинг.

 

 

Во зависност од пригодата и тоа дали купивте карти за театар или пак резервиравте во омилениот ресторан, секогаш мора да изгледате комплетно средени.

 

 

Денеска ви предлагаме неколку комбинации соодветни за овој прекрасен ден, а вие ќе одберете која од нив е совршената за Денот на вљубените.

 

 

Годинава комбинацијата од петок и Ден на вљубените не можеше да биде подобра, па би било и повеќе од одлично доколку започнете со славење веднаш после работа.

 

 

Во тој случај, одберете едноставно плетено фустанче во црвена нијанса кое го комбинираме со високи чизми за исклучително стилска комбинација.

 

 

Ако веќе организиравте вечерна варијанта и сакате да изгледате спектакуларно, тогаш одберете уникатен фустан во кој ќе изгледате ултра привлечно како што и доликува на денот.

 

 

За романтична вечера белиот женски костим е секогаш избор број еден и доволно неодолив да бидете единствената која ќе зрачи во просторијата.

 

 

Ако пак купивте карти за концертот на омилениот бенд, маичката со стилски фармерки е секогаш супер избор, а доколку решивте вечерва да останете дома, удобните пижами се сè што ви треба.

 

 

Денеска е ден кога и момците треба да се погрижат да изгледаат совршено, па погоре погледнете ги комбинациите од кои можете да ја одберете омилената и да бидете совршена двојка со саканата.

 

 

 

Без разлика која ќе биде вашата комбинација и каде ќе го прославите Денот на вљубените, уживајте во љубовта!

 

Купувајте онлајн каде и да сте. Преземете ја бесплатната мобилна апликација FashionGroup:



                                    

14.02.2020.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...