Барај
%
×
BOSS - SUITS FOR EVERY EVENT
Тина Тарнер: Едноставно, најдобро облечената!
БЛОГ

Тина Тарнер: Едноставно, најдобро облечената!

 

По долго боледување, на 83 годишна возраст почина рок дивата Тина Тарнер која светот ќе ја памети како една од дефинитивно најголемите музички легенди во историјата.

 

 

Позната по нејзините супер енергични настапи кои беа инспирација за многумина, таа важеше за една од најголемите поборнички за правата на Афроамериканките и воопшто, нивното место во музиката.

Секогаш ултра расположена, нејзините концерти беа момент на кој секој сакаше да присуствува, дел поради исклучително добрите песни, а дел да сведочат на сите стилски комбинации кои дефинитивно ќе останат запаметени.

Вљубена во светкавите парчиња, кралица на мини фустаните и здолништа, секогаш со акцент на исклучителните нозе, таа важеше за една од најдобро облечените дами во музичката индустрија, особено кога станува збор за сценскиот изглед.

Нејзината неверојатна музичка кариера таа ја започна заедно со сопругот, за подоцна да се разведе од него поради лошиот однос и малтретирањето и да продолжи да настапува сама со сценското име Тина Тарнер што успева да го задржи.

Подоцна, среќата ја наоѓа со германскиот продуцент Ервин Бах со кого се сели во Швајцарија и во 2013 – тата се откажува од американското државјанство за да стане швајцарски државјанин.

Целосно ужива во убавините на земјата која ја смета за своја, каде и ги живее последните денови од нејзиниот живот и покрај болеста, ќе каже дека токму таму, го доживеала она што го замислувала како вистинска среќа!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

25.05.2023.
Trenutno nema komentara

Слични статии

23.
May.
2023.
БЛОГ
Fashion Group оваа година го поддржа настанот и хуманитарната цел на истиот, со намера за што е можно повеќе разговори на тема машко ментално здравје, но и п...
22.
May.
2023.
БЛОГ
Омилениот бренд за долна облека на дамите Women’secret го слави својот 30 – ти роденден, па водени од сета убавина низ годините, истиот го одбеле...
18.
May.
2023.
БЛОГ
Пролетта, секогаш нѝ дава чувство на нова надеж, можности за прегрнување на нови предизвици, а што се истите ако не се чувствуваме свои во својата кожа? Вака...