Барај
%
×
Live in LEVIS
Distinguished Gentlеmаn’s Ride: 160 џентлмени возеа за добра цел!
БЛОГ

Distinguished Gentlеmаn’s Ride: 160 џентлмени возеа за добра цел!

 

Веројатно и не постоеше човек што во неделата не застана на некоја од градските улици да ужива во глетката на ултра шармантните и згодни момци и девојки облечени во стилски костими, кои возејќи ги своите мотоцикли, уште еднаш докажаа дека Скопје и тоа како го заслужува настанот Distinguished Gentleman’s Ride.

 

 

И овојпат заеднички со една цел, подигнување на свеста на машката популација во однос на ракот на простатата, но и машкото ментално здравје, сите учесници придонесоа главниот град да изгледа навистина фасцинантно. Fashion Group оваа година го поддржа настанот и хуманитарната цел на истиот, со намера за што е можно повеќе разговори на тема машко ментално здравје, но и поголема свесност кај мажите за редовни прегледи кои се од исклучително значење. Облечени во внимателно одбрани костими од Mango Man и Dan John, првиот човек на Gentleman’s Crew Игор Стефановски и Ивица Спасовски, член на клубот, за Fashion Group раскажуваат за почетоците на настанот и за тоа каков печат остава истиот денеска. Дека и дамите се рамноправни членки на клубот и секоја година сé побројни на настанот, ни раскажува прекрасната дама Кристина Николова која облечена во комбинација од Mango, во друштво на нејзиниот мотоцикл, изгледаше исклучително моќно.

Игор Стефановски во Dan John 

Ивица Спасовски и Кристина Николова во Dan John/Mango

Кристина: Елек, панталони

-Сосема на почеток, која е приказната што се крие зад идејата на Distinguished Gentleman’s Ride?

Приказната за ДГР настанот е иницирана во 2012 година во Сиднеј Австралија, од страна на мото ентузијастот и љубител на фини костуми, Марк Хава, кој го иницира првото возење на локално ниво. На улиците на Сиднеј излегуваат префинети господа во убави костуми на своите прекрасни мотоцикли и предизвикуваат интерес кај своите сограѓани. Тематиката на настанот е подигање на свеста на машката популација во однос на ракот на простата, превенцијата и раното дијагнистицирање, како и менталното машко здравје. Втората мисија на настанот е прикажување на мотоциклистите во едно сосема поинакво светло од денешните стереотипи. Сакаме да му покажеме на општеството дека мотоциклистите се префинети господа, со одлични манири, кои учествуваат во сообраќајот според сите правила и прописи, раскажува Игор.

За тоа дали веруваа дека настанот ќе предизвика толку голем интерес кај македонските џентлмени, Ивица Спасовски ќе каже дека и денеска, но и тогаш верувале во нивните вредности и во самата цел на настанот, па токму затоа и го отпочнале истиот.

„Мислевме дека ќе е скромно, но изгледа дека во Македонија има голем број џентлемени кои веднаш не поддржаа и секоја година во сè поголем број се приклучуваат. А јавноста секогаш знае да поддржи ваков атрактивен настан. Пораката е сé погласна секоја година“, вели тој.

За онаа, хуманитарната страна на настанот која впрочем е и најголемиот предизвик во сите земји во кои се организира, Игор пак ќе каже дека истата е на прво место и прифатена од сите учесници.

„Префинетите господа од Скопје и регионот го препознаа и го прифатија настанот на најдобар можен начин и заради возвишената и хумана цел, и заради самата форма и изглед. Токму специфичната организација, несвојствена за било кој друг мотоциклистички собир беше и сè уште е првата причина заради која настанот привлекува внимание, а секако и одличната организација придонесува за зголемување на бројката на учесници од година во година.

Во 2016-та Скопската организација отпочна со 70-тина учесници, за таа бројка од година во година да бележи константен раст. Оваа година пречекавме 165 префинети мотоциклисти, бројка која го сруши досегашниот рекорд од 150 учесници. Ваквиот растечки тренд се бележи и на светско ниво, а цифрите од 340.000 учесници во повеќе од 120 држави во изминатите 10 години зборуваат за глобалната успешност на настанот “, вели тој.

Кога вљубениците на мотоцикли говорат за истите, честопати знаат да кажат дека возењето им е како терапија, а тоа го потврдуваат и нашите соговорници.

 

 

„Постои голема вистина околу „терапевтската моќ” на мотоциклите, особено ако „терапијата” се практицира од група Префинети мотоциклисти во исто време. Шегата настрана, возењето мотоцикл е пред сé одлична физичка активност која го ангажира целото тело, слободата на движењето  и борбата со ветрот делува смирувачки, па така на крајот од извозената рута чувствувате физички замор, но и слободни мисли и прекрасно расположение. Во врска со прегледите и машкото здравје, се надеваме дека со ова движење го менуваме размислувањето кај македонскиот маж (и во организацијата, но и во нашето општество) и се надеваме дека секоја година поттикнуваме се повеќе мажи да се одважат и да ги направат контролните прегледи. Милуваме да кажеме дека доколку организацијата на настанот спаси и еден човечки живот, целта е достигната“, потенцира Игор.

Со него моравме да поразговараме и за тоа што е она што го прави еден маж џентлмен, а тој раскажува...

Љубезноста, толерантонста, доброто однесување, правилниот начин на живот, префинетите манири,  вниманието кон дамите, посебниот статус во општеството, се само еден дел од одликите кои се својствени за еден Џентлмен. За жал овие одлики денес се сè поретки во нашето општество, па една од целите на нашето движење е да ги вратиме во живот и да ги наметнеме како стандард овие одлики“.

Дека мотоциклистите исклучително внимаваат на својот стил веќе знаеме, но денот на настанот, добриот стил е задолжителен.

„Стилот и визуелниот момент се на врвно ниво тој ден. Зборуваме за внимание посветено на деталите во самиот стил, начинот на однесување итн. Тоа е еден вид на парада на добриот вкус и манири, дополнета со убави мотори и секогаш одлична енергија. Вистински празник за очите и душата“, вели неговиот колега Ивица.

 

 

Токму настанот, постои да ја промени општата слика за мотоциклистите, а се чини дека низ годините наназад во тоа и успеваат.

„Да, секако дека ја менуваме. Тоа е една од целите на нашата организација и сметаме дека тоа успешно го спроведуваме. Секако доказ за тоа се и бројните минувачи и гледачи кои нé пресретнуваат на неделното возење и кои со насмевка и пофални зборови ја одобруваат нашата работа. Токму таа реакција од општеството и нашите сограѓани е доволен доказ дека во последните 8 години успеавме да ја смениме општата слика за мотоциклистите“, вели Игор.

За тоа дали низ годините се зголемува процентот на жени во самата организација и како учеснички на настанот, тој ќе каже дека сè повеќе дами одлучуваат да ја поддржат нивната мисија и да земат активно учество во настанот.

Наша соговорничка беше прекрасната Кристина Николова која и годинава беше дел од настанот, облечена во комбинација од Mango која одлично и прилегаше и сосема соодветствуваше со целата слика што дамите на мотоцикл сакаат да ја прикажат.

„Дамите кои возат мотоцикли се дами кои покажуваат проактивност во сите  општествени сфери и затоа можат да понудат потенцијално ефикасни начини за промена на однесувањето на мажите, особено нивната употреба на примарната здравствена заштита. Тие дејствуваат како мотиватори на однесувањето за барање помош кај мажите. Дамите, кои возат моторцикли  вообичаено се залагаат за попроактивни пристапи во напорите да се охрабрат мажите да користат здравствени услуги. Дамите кои возат мотоцикли сé повеќе ги рушат стереотипните родови бариери. Преку залагањето за родова еднаквост тие помагаат на целата заедница за нивно поголемо прифаќање и интегрирање во општеството и признавање на нивната улога. Секако дека сè уште постојат предрасуди, но ние, дамите сме тука, спремни да се спротивставиме на наметнатите норми и вредности“, вели Кристина за Fashion Group.

За тоа колку стилот е важен за градење на целосната слика на дамите што возат мотоцикл, Кристина ќе каже дека стилот на дамите кои возат мотоцикли претставува симбол на рамноправност и подготвеност да се вклучат во сите предизвици што ги носи самото возење на мотоцикл.

„Тие едноставно уживаат во чувството на слобода на отворен пат. Стилот претставува моќ, храброст, борбеност, интегритет и задоволство“, додава таа.

 

 

 

 
 

 

 

 

 

 

 

 

 

Фото: Марко Маркоски 

23.05.2023.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...