Барај
%
×
Forever denim with replay
Среќен роденден Women’secret: „Свои во својата кожа!“
БЛОГ

Среќен роденден Women’secret: „Свои во својата кожа!“

 

 

Пролетта, секогаш нѝ дава чувство на нова надеж, можности за прегрнување на нови предизвици, а што се истите ако не се чувствуваме свои во својата кожа? Вака некако сакавме да ја презентираме новата колекција на Women’secret, бренд кој оваа година го слави 30 – тиот роденден, а 11- тиот како дел од семејството на Fashion Group.

 

Ја славиме убавината на дамите и роденденот на омилениот бренд овој петок, 19-ти мај во продавницата на Women’secret, каде те очекуваат неодоливи изненадувања, -30% намалување во текот на настанот од 18 до 20 часот, дружба со Ангела Георгиев, вкусни коктели и одлична латино забава.

По тој повод, сакавме да потсетиме на тоа колку е значајно да се чувствуваш убаво одвнатре, за да ја покажеш сета убавина и однадвор. Токму такви, едноставно убави и неодоливи се сите парчиња од новата колекција на брендот, совршени за секој тип на тело, создадени за да ве прикажат онака како што вие се доживувате и онака како што светот треба да ве види. Целото свое постоење брендот го посвети токму на оваа тематика, да се сакаме онакви какви што сме, а ние сме тука да ја поддржиме оваа мисија и по којзнае кој пат да докажеме дека секој е убав на свој начин.

Во новата сезона, Fashion Group реши целосно да се посвети на суштинските работи, на оние моменти за кои честопати велиме дека се еликсир на животот. Новите колекции на нашите брендови го носат со себе токму тоа, парчиња во кои вреди да се започне секое ново поглавје во животот. Парчиња за сечиј вкус, парчиња во кои ќе се чувствувате убаво и во кои ќе верувате дека можете да направите сè што ќе посакате. Кога говориме за ново, веројатно и нема друга асоцијација од најмалите, од оние за кои вреди да го правиме сето она што го правиме. Токму Ангела Георгиев и нејзиното синче Лиам, се совршен приказ за она како ние ја замислуваме вистинската љубов, љубовта која е единствена, незаменлива... Облечени во парчиња од Women’secret, Mango Kids и Okaidi, тие даваат искрено ветување за уште поубав живот, целосно исполнет и смирен, каков што всушност замислуваме во деновите од новата сезона и целосно удобен, каков што секогаш ви овозможуваат нашите брендови. Ултра стилски и секогаш шармантни, тие ја красат насловната страна на магазинот Убавина и Здравје по повод 15 години постоење на истиот. 

 

 

 

Прекрасната Ангела вели дека изминатите 11 месеци мајчинството ѝ ги поместило границите на она што значи љубов, исполнетост и целосно ѝ се променила смислата за живот.

„Покрај сите убавини, секако дека тоа носи и предизвици со себе. Сѐ уште пробувам да го пронајдам балансот помеѓу мајчинството, работата и наоѓањето на време за себе и за некои работи што сум ги правела пред Лиам да стане дел од мојот живот. Само така нема комплетно да се „изгубам” јас самата, и верувам во тоа дека мајката треба да биде исполнета и среќна, а истото како енергија во целост се пренесува и одразува секојдневно на бебето. Благодарение на пристапот на информации, денеска, секоја мајка може да се подготви и едуцира на многу теми поврзани со мајчинството. Но, на многу работи те учи и самото дете и новите ситуации со кои за прв пат се среќаваш и во кој проработува мајчинскиот инстинкт кој природно те води. Можам да кажам дека токму од тие ситуации имам стекнато најмногу искуство и самодоверба во оваа нова улога“, вели Ангела за Fashion Group.

Брендот што донесе поинаква естетика кога е долната облека во прашање, годинава слави 30 години постоење, од кои 11 години е дел од Fashion Group. За многу кратко време, Women’secret доби огромен број вљубеници поради едноставните принципи што ги негува – биди своја и бори се за она што го сакаш. Секоја една колекција од брендот е доказ за исклучителниот квалитет на парчињата и за посветеноста на тимот за уште поголемо уживање на клиентите во понудата.

 

 

 

„Комфорт, убав дизајн и нешто што е дел од моето секојдневне... Ова е она што неодоливо ме потсетува на Women’secret. Бренд во чии парчиња се пронаоѓам веќе со години, почнувајќи од долната облека, до омилените наметки, пижами, организери и костими за капење. Мислам дека секоја девојка и жена која сака да се чувствува комотно и самоуверено може да пронајде нешто за себе и да се чувстува своја носејќи го истото“, вели Ангела.

Со неа поразговаравме и за тоа колку и недостасува моделингот и колку ѝ се допаѓа она што денеска се случува на модната сцена.

„Не би рекла дека ми недостасува. Мислам дека тоа беше еден период од 10-тина години, за кој отсекогаш знаев дека е привремено хоби и нешто на кое знаев дека ќе му дојде крај. Сепак тоа што денес го работам е блиску до моделинг, од аспект на сликање, снимање, маркетинг, но разликата е тоа што ми дозволува да бидам своја и да го правам под свои услови, што повеќе ми одговара. Ми се допаѓа инклузивноста што се случува во изминатите неколку години, претставувањето на реални тела и без некој голем притисок за одредени пропорции како што беше случај пред неколку години кога јас почнав да работам. Се надевам дека денешните млади девојки кои се на почеток на кариерата сѐ помалку ќе се соочуваат со притисокот да држат некој стандард за убавина и со коментари дека не се доволно добри поради неколку плус сантиметри во обем“, додава таа.

Она што е сигурно е дека Women’secret ќе продолжи да ги поддржува сите дами во секој сегмент од животот и да создава уникатност во понудата за секоја од нив да го најде она вистинското со кое ќе се чувствува своја, во својата кожа!

 

 

 

 

Организација и реализација: Fashion Group 

Фото: Антонио Станков

Шминка и фризура: Милена Косич

Локација: Студио 1, Хотел Радика 

18.05.2023.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...