Барај
%
×
Live in LEVIS
Мантилите во кои стилските мажи ќе ја поминат пролетта!
БЛОГ

Мантилите во кои стилските мажи ќе ја поминат пролетта!

 

 

Постои едно парче во женскиот плакар кое дефинитивно е вечна класика, а истото си најде соодветно место и во плакарите на мажите, особено во овие, преодни сезони.

 

 

Да, станува збор за неодоливиот мантил, омилен на познатите брендови во последно време и совршен за надополнување на комбинациите за секоја пригода. Оваа пролет, вашите омилени брендови од Fashion Group овозможуваат навистина неодолива понуда во однос на боите и моделите, а ваше е само да одберете.

 

 

Момците особено ги обожаваат поради тоа што може да ги комбинираат со секојдневна комбинација за на работа, со спортски аутфит, но подеднакво совршено изгледаат и кога истите се носат со костим.

Она што варираше низ текот на годините е дефинитивно кројот на мантилите кој се доведе до совршенство, нешто поради што мажите уште повеќе ги обожаваат истите.

Навидум едноставни, но исклучително ефектни, мантилите се дефинитивно едни од омилените парчиња и задолжителни во гардеробата на секој супер стилски маж.

 

Во однос на боите, истите варираат низ годините, но секогаш палетата е речиси неутрална и ја содржи задолжителната крем варијанта како една од најбараните, класиката црна, но и сива и темно сина и понекогаш, некоја интензивна за похрабрите.

Без разлика која и да ја одберете, дефинитивно нема да погрешите со инвестицијата, бидејќи мантилот е парче кое останува да сведочи за вашиот исклучителен стил години подоцна!

Погледнете ја нашата селекција и одберете го вашето омилено за да заблескате секој ден од пролетта.

 

 

 

 

04.05.2023.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...