Барај
%
×
Live in LEVIS
Во чест на Карл Лагерфилд: Ѕвездите во своите најдобри изданија!
БЛОГ

Во чест на Карл Лагерфилд: Ѕвездите во своите најдобри изданија!

 

 

Првиот понеделник од мај секогаш е резервиран за најинтересниот настан во светот на модата на кој ѕвездите дефинитивно се појавуваат во своите најдобри изданија – Мет Гала.

 

 

Оваа година, официјалната тема на настанот беше „Karl Lagerfeld: A Line of Beauty“, целосно посветена на еден од најголемите дизајнери на сите времиња чии дизајни ќе останат да сведочат за неговата неприкосновена креативност.

Сосема очекувано, на црвениот килим се појавија некои од најголемите ѕвезди во шоу бизнисот, политиката, модата, музиката и што уште не, во внимателно одбрани креации од познатите модни куќи, целосно инспирирани од дизајнерот.

 

 

Се чини најголем впечаток остави Џаред Лето како еден од неговите миленици, кој на настанот се појави во целосно бела, крзнена креација во чест на Шупет, мачката на дизајнерот и предизвика лавина од реакции. Кога сме кај неговата мачка, се чини истата и била омилена и на Doja Cat која на црвениот килим се појави во целосно светкава креација, а не очекувавме ништо помалку ако го земеме во предвид нејзиното сценско име и креативноста.

Меѓу највпечатливите дефинитивно беше и Кендал Џенер која носеше светкава креација со впечатлива јака и ракави со екстра должина, кои изгледаа навистина ефектно заедно со чевлите на ултра висока потпетица во стилот на Лејди Гага.

 

 

Најголемото внимание можеби го предизвика раперот Лил Нас кој не остави многу на имагинацијата појавувајќи се речиси гол, целосно обоен со сребрена боја, дополнително украсен со дијаманти и маска на лицето.

Во неверојатно интересна креација на црвениот килим се појави и Жанел Моне потпишана од Том Браун, која нешто подоцна целосно се трансформираше во светкав костим за капење.

Целосно покриена на настанот се појави и Ријана заедно со АСАП Роки кои се чини предизвикаа најголемо внимание кај фотографите, а како и секогаш, на црвениот килим пристигна последна докажувајќи дека навистина има што да се чека. Сериозно внимание предизвика и појавувањето на Ким Кардашијан која по којзнае кој пат носеше исклучително тесен фустан од Скјапарели, целосно украсен со мноштво бисери.

 

 

Меѓу моментите за паметење беа и „стомачињата“ на Серена Вилијамс и Карли Клос кои се бремени со нивните втори дечиња, во претежно црни креации со акцент на бисерите како омилени на дизајнерот.

Покрај впечатливите сценски креации, на црвениот килим имаше и исклучително нежни лелеави фустани како оние на Никол Кидман и Марго Роби кои беа вистинска ода кон дизајнерот, но имаше и такви кои беа екстремни, со што по којзнае кој пат се покажа големината на дизајнерот и она што само тој умееше да го создаде.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

02.05.2023.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...