Барај
%
×
Live in LEVIS
Коачела повторно го врати бохо стилот во тренд!
БЛОГ

Коачела повторно го врати бохо стилот во тренд!

 

Веројатно сега ќе си речете дека бохо стилот е еден од оние безвременските што никогаш не излегуваат од тренд, но повеќе од сигурно е дека еднаш во годината, неговата популарност се активира на највисоко можно ниво.

 

 

Да, тотално сте во право, станува збор за фестивалот Коачела, омилен на најголемите имиња во шоу бизнисот, настан на кој сите музички ѕвезди ги имаат најдобрите настапи за кои се говори месеци потоа.

Дека е настан за паметење, секоја година, две децении наназад, докажуваат и сите шик стајлинзи во кои уживаме секој пат. Двата викенди во калифорниската пустина секогаш се исполнети со шик комбинации инспирирани од 70 – тите во кои ретро парчињата го имаат главниот збор.

 

 

Како и секоја година, така и оваа, познатите инфлуенсерки се дефинитивно едни од најголемите ѕвезди на музичките настапи, а многу често нивните комбинации се и најголем хит деновите потоа.

Оваа година, прекрасната 35-годишна инфлуенсерка Камила Коељо се чини ги имаше највпечатливите комбинации, почнувајќи од онаа со карго панталони и светкав топ во горниот дел, а не помалку фотографирана беше и во онаа каде носеше кусо кожено здолниште и тексас топ, надополнет со високи каубојски чизми.

 

 

Еден од најголемите музички моменти беше враќањето на сцената на прекрасната Зендаја која облечена во бела маичка и розов фустан одозгора, не потсети на 90 – тите и ги врати трендовите кои донесоа само добри сеќавања.

Вистинска сензација беше и групата Blackpink кои со своите стајлинзи ја освоија сцената, а за истите пишуваше секој моден магазин изминатите денови.

 

 

Сите посетители дефинитивно го почитуваа „дрес кодот“ што некако се наметна низ годините, па можевме да ги видиме во долги плетени наметки со бермуди одоздола, корсети со светкави детали, многу накит, исклучително добри модни додатоци и што уште не.

Низ текстот, гледате некои од највпечатливите комбинации што оставија шик впечаток на овогодинешните два музички викенди во калифорниската пустина.

 

 

 

 

 

 

 

Фото: Getty Images
25.04.2023.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...