Барај
%
×
Live in LEVIS
Празнични комбинации во кои ќе блеснете овој викенд!
БЛОГ

Празнични комбинации во кои ќе блеснете овој викенд!

 

Уште еден празничен викенд пред нас, полн со мигови поминати со семејството, краток одмор, уживање во еднодневните прошетки и што уште не...

 

 

Како и минатиот, така и овој, ги одбираме најстилските парчиња во кои ќе блеснеме во било која пригода и правиме фотографии за паметење!

Без разлика на вашиот стил, празниците секогаш налагаат малку поинакви комбинации од оние секојдневните, секако, зависи од пригодата, но истите потребно е да бидат впечатливи и соодветни.

 

 

Во пресрет на уште еден празничен викенд, ние издвоивме некои од најубавите парчиња од нашите брендови за оваа сезона и ги комбиниравме со соодветни чевли и модни додатоци во кои дефинитивно ќе се чувствувате неодоливо.

Како што налага сезоната, најголемиот дел од издвоените парчиња се во пролетни бои кои се едни од најпопуларните овие денови, а кои совршено изгледаат без разлика како ќе ги комбинирате.

 

 

Сега е вистинско време да го купите омилениот фустан или здолниште и без двоумење да го надополните со додатоци во боја или чевли што ќе остават супер впечаток каде и да се појавите.

Продавниците на Fashion Group како и секоја сезона, така и оваа, претпразнично се полни со парчиња од новите колекции кои истовремено се супер тренди и удобни, па секој може да го направи својот избор.

Нашите фаворити овие денови се фустаните во интензивни бои како впечатливо розова или виолетова, па не двоумете се и надоградете го вашиот стил со парче во некоја од овие нијанси.

 

 

За момците пак, секогаш се тука популарните брендови како Replay, Timberland, Boss, Calvin Klein и др., кои се полни со шик парчиња како маички на куси ракави, кошули соодветни за посебни пригоди, јакни за сите свежи утра, како и ултра удобни обувки за вистинско уживање.

Уживајте во празничниот викенд пред нас, подготвени сосема навреме за да бидете ултра впечатливи во било која пригода и уживање со семејството!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

20.04.2023.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...