Барај
%
×
Live in LEVIS
Преслатка Parfois колекција целосно посветена на знаците од зодијакот
БЛОГ

Преслатка Parfois колекција целосно посветена на знаците од зодијакот

 

Ако сте од оние кои не го почнуваат денот без да прочитаат што им подготвиле ѕвездите за истиот, тогаш Parfois ја има вистинската колекција за вас.

 

 

Полна неодоливи чанти и марами, сосема навреме за летната сезона, колекцијата на Parfois е вистинско олицетворение на авантурите со кои сакаме да ги одбележиме топлите денови.

Токму марамите се парчињата кои се задолжителни во вашиот куфер за летните патувања сезоната што следува, бидејќи сами по себе, нудат многу можности за создавање на совршената комбинација.

Носете ја како здолниште заедно со костимот за капење, на глава, лежерно закачена на чантата за плажа, па дури и како топ во комбинација со шик фармерки со висок струк.

 

 

Подеднакво шармантни се сите чанти од колекцијата почнувајќи од најмалата која што можете да ја носите и во секојдневните пригоди, па сè до големите кои одлично би изгледале на одбраната плажа.

За вашите комбинации уште повеќе да дојдат до израз, дополнително украсете ја со модни додатоци од новата пролет-лето колекција на брендот, која нуди совршени парчиња што неодоливо потсетуваат на лето.

 

 

Месец април го заокружуваме со марамата на која на интересен начин е аплициран знакот на овен, за сите стилски девојки кои сакаат нешто повеќе од комбинациите.

За сите останати знаци, подеднакво шармантни се и другите парчиња со впечатлив принт во кој е вметнат нивниот знак, а кој задолжително мора да се најдат барем во една од вашите комбинации оваа сезона!

 

 

 

 

 

 

19.04.2023.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...