Барај
%
×
Live in LEVIS
Среќна среда со Springfield: Цела пролетна колекција на -20% намалување!
БЛОГ

Среќна среда со Springfield: Цела пролетна колекција на -20% намалување!

 

Ако баравте причина плус да се „стоплите“ оваа студена среда, ние имаме супер вест! Сите шик парчиња од новата, пролетна колекција на омилениот Springfield денеска се на неодоливи -20% намалување.

 

 

Иако времето сè уште не ни го дозволува тоа, ние полека се подготвуваме за уживање во сите топли денови пред нас, па без проблем освежете го плакарот со фустаните на куси ракави кои се вистинска љубов, со поло маичките совршени за секоја пригода, но и со патиките поради кои едвај чекаме да се збогуваме со чизмите.

 

 

Новата пролетна колекција на брендот е полна со неодоливи парчиња со кои ќе ги правиме најубавите комбинации оваа сезона, а со кои ќе оставиме впечаток на секој настан.

Покрај фустаните за кои веќе посочивме дека се љубов на прв поглед, подеднакво шармантни се и комбинезоните кои сезонава доаѓаат преточени во интересни модели и нијанси, а некои од нив се вистинска класика која секоја дама треба да ја има во плакарот.

 

 

Кога сме кај интересните и впечатливи нијанси, цела пастелна палета е пресликана во стилските кошули за момците, поло маичките секогаш омилени за комбинација, но и дуксерите со кул натписи од кои никогаш не ни е доста.

Она што оваа сезона е на уште повисоко ниво за целосно уживање во парчињата на брендот се материјалите, особено ленот како ставен на пиедестал во топлата сезона, а од кој се направени голем дел од кошулите. 

Сите парчиња од новата колекција на брендот се неодоливо младешки и урбани, а на прв поглед истите ве водат на најубавите места на кои сакаме да го поминеме летниот одмор.

Додека се подготвуваме за топлата сезона, задолжително искористете го намалувањето од -20% на целата колекција само денеска, во продавниците на брендот и онлајн.

Најубавите и најлежерни парчиња од новата колекција ги гледате низ текстот.

 

 

 

 

 

 

 

 

29.03.2023.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...