Барај
%
×
Live in LEVIS
Guess x Corto Maltese: Шик колекција за љубителите на стрипот!
БЛОГ

Guess x Corto Maltese: Шик колекција за љубителите на стрипот!

 

Оваа сезона, подгответе се за нови авантури со парчињата од машката капсулна колекција на Guess, целосно инспирирана од јунакот на „Corto Maltese“, креиран од познатиот италијански дизајнер на стрипови, Хуго Прат.

 

 

Познатиот цртан карактер е вистински херој во светот на стриповите, морнар, анти – херој кој е обземен од слободата чии патувања ќе ве натераат да отидете на најфасцинантните места на светот.

„Го одбравме Corto Maltese бидејќи главниот јунак е целосна рефлексија на авантуристичкиот и слободен дух на Guess. Тој е олицетворение на елеганција, истовреме е интригантен и секогаш културен. Отсекогаш сум ја сакал работата на Прат, особено боите што преовладуваат во неговите стрипови, тоа е вистинска уметност. Огромно задоволство ни е што го споивме токму Corto Maltese со Guess“, изјави креативниот директор на Guess, Пол Марчиано.

 

 

Дел од лимитираната колекција се ултра шик парчиња меѓу кои и џемпери, дуксери, маички на куси ракави, тенки блузи и тоа сите со мотиви од стрипот и со акцент на главниот јунак.

Како и секогаш, материјалите користени за колекцијата се внимателно одбрани од дизајнерскиот тим за целосно уживање на мажите во новата сезона, а истите даваат и супер можност за комбинирање со другите омилени парчиња од брендот.

Боите на парчињата од колекцијата се целосно во духот на стрипот, па така без двоумење новата сезона започнете ја со црно бел дуксер и шик фармерки, вистинска морнарска маичка на пруги, блуза во бела боја со сини нијанси, крем џемпер со ликот на главниот јунак и бидете супер впечатливи оваа сезона.

 

 

„Многу ни е драго што Guess го одбра токму Corto Maltese како протагонист за нивната нова капсулна колекција, бидејќи станува збор за еден од најпознатите брендови во светот на модата што ние исклучително го почитуваме. Веруваме дека ова ќе биде една многу успешна соработка од која сите ќе бидеме задоволни“.

Заедно со колекцијата, беше објавено и интересно видео во кое може да се видат авантурите на главниот лик, а истото го гледате во продолжение. Сите парчиња можете да ги најдете во продавницата на брендот во Сити Мол и онлајн.

 

 

 

 

 

 

22.03.2023.

Слични статии

16.
Apr.
2024.
БЛОГ
„Што ќе носиш за матура“ е прашањето со кое знаеш дека сезоната на матурските прослави веќе започнала. Но, одговорот сега е полесен од било кога ...
19.
Mar.
2024.
БЛОГ
Модната групација Fashion Group освои пет награди на годинешното доделување на E-Commerce Awards 2023, меѓу кои и победник во категоријата Е-продавница за об...
14.
Feb.
2024.
БЛОГ
Кико Милано вчеравечер ја претстави својата нова колекција Stellar Love, инспирирана токму од ѕвезденото небо и љубовта. Во магичен и мистичен сино-сребрен а...